+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз

Положба
Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 40км од аеродромот во Анталија и 50км од центарот на Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 724 распоредени во неколку четирикатни згради. Стандардни соби: 254 (27м², во главна зграда со една спална и едно купатило, макс.2+1 лица), Делукс стандардни соби: 198 (27-30м², во делукс зграда со една спална и едно купатило, макс.2+1 лице), Четворокреветни соби (30м²,главна зграда, голема стандардна соба, макс.3+1лице), Делукс четворокреветни соби: 26 (48м², делукс зграда, голема стандардна соба, макс.2+1 лице), Фамилијарни соби: 95 (41м², главна зграда, две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица, Делукс фамилијарни соби (41м², делукс зграда, две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица), Фамилијарни соби: 21 со кревети на спрат: 21 (41м², главна зграда, две спални одвоени со врата, во едната спална има кревети на спрат, едно купатило, макс.3+2 лица), Супериор фамилијарни соби: 12 (50м², главна зграда, две спални соби одвоени со врата, едно купатило макс.4 лица), Pasha Суит соби (66м², две спални, една дневна и две купатила. Макс. 4 лица, Sultan Суит соби (81м², две спални, една дневна, две купатила од кои едно е со Џакузи, макс. 4 лица). Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима, телефон, сеф, мини бар (сокови, вода и пиво, се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, тепих или ламинат на подот, балкон.

Услуга
Ултра Се вклучено - 24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, полноќна закуска, пијалок за добродојде. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, чај, кафе, свежо цедени сокови за време на појадок, сладолед. Мини бар во собите, секој ден се дополнува со сокови и пиво. Дополнително се наплаќаат-премиум увозни пијалоци, специјални локални и увозни вина, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци, A’la Carte ресторани со резервација, услуга во соба, наргиле.

Содржина
Главен ресторан со шведска маса, мени за деца, диетално мени, бар покрај базен, A la Turca Snack и бар на плажа, A’la Carte ресторани ( Италијанска кујна, Далечен Исток, Француска кујна, Медитеранска кујна и рибен ресторан) со претходна резервација и со доплата. Барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, телефон, факс, чување деца, компјутерски игри, фризер, перална, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет.

Плажа
Приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа и базен, не се наплаќаат. Приватни павиљони на плажа со претходна резервација и со доплата.

Спорт и Забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк за возрасни и деца, фитнес, Турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, мини голф, мини фудбал, кошарка, одбојка, одбојка на плажа. Салон за убавина, Велнес и Спа центар, спортови на вода, осветлување на тениски игралишта, часови за тенис, куглање, билијард, компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот со професионален тим и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год организиран од професионален тим во текот на денот и во вечерните часови.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите:
Положба
Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 40км од аеродромот во Анталија и 50км од центарот на Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 724 распоредени во неколку четирикатни згради. Стандардни соби: 254 (27м², во главна зграда со една спална и едно купатило, макс." data-share-imageurl="">