+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
5

ANDRE RIEU ВО СОФИЈА

Светски познатиот холандски виолинист и диригент Andre Rieu, заедно со оркестарот Johann Strauss, овој Јуни, повторно  гостува во Софија, со комплетно ново шоу. Кралот на валцерот кој ги сервира класичната музика и велцерот во неговото атрактивно шоу, правејќи еден совршен спој на минатото и сегашноста, преку звуците на виолината. Дозволете да ве маѓепса шаренилото и гламурот на неговиот настап.

"Многу сум возбуден што повторно доаѓам во Бугарија", вели Andre Rieu. "Луѓето често ми пишуваат, дека две недели по завршување на концертот, тие сеуште се емотивни и под импресија. Фантастично е да се почувствува оваа енергија и радоста која што се шири, додека сум на сцената. Знам дека многу фанови ќе допатуваат во Софија за да не видат и да бидат дел од нашето случување. Затоа сум толку среќен што доаѓам тука".

Галерија

Ценовник

Цена на аранжманот 9.900 денари

Доплата за еднокреветна соба 1.250 денари

 

Програма на патувањето

ANDRE RIEU ВО СОФИЈА

07 - 09 јуни 2019

 

ПРОГРАМА :

Петок 07 Јуни

Состанок на групата во 04 :00 часот. Поаѓање за Софија. Возење со кратки попатни паузи. Пристигнување во Софија во предпладневните часови. Сместување во хотел со 3* во Софија. Попладне, разглед на Софија со локален туристички водич. Посета на црквата Александар Невски, храм изграден во 1908 година во чест на Александар Невски, познат по победата кај Чудескот езеро во Руско – Турската војна, по што бил прогласен за светец од страна на Руската православна црква. Убавината на храмот останала непроменета, со посебен акцент на нејзиниот ентериер изработен од исклучително квалитетни материјали. Националниот театар Иван Вазов , кој се смета за еден од најубавите градби во Софија, паркот, Црквата Св. Николај, ... Вечерта , слободно време за индивидуални активности, одмор или шопинг. Факултативна вечера во ресторанот на покривот од хотелот. Ноќевање

 

Сабота 08 Јуни

Појадок. По појадокот слободно време за прошетка по прекрасната Витошка, кафе и освежување. Попладнето одмор, релаксација и подготовки за концерт. Поаѓање за арената Армеец, каде што се одржува концертот, со почеток во 20:00 часот. Андре и неговиот 60-член оркестар "Јохан Штраус", кој е најголемиот приватен оркестар во светот, ja презентираат валцер музиката на светско ниво, претставувајќи ја во раскошна екстравагантност. Концертите на Андре се празникот не само за ушите туку и за очите! Со повеќе од 500 платински награди, три класични британски награди за "Албум на годината" и милијарди гледања на неговите видеа на Јутјуб, Андре е еден од најголемите светски забавни уметници. Неговиот последен албум "AMORE" беше издаден во ноември 2017 година. Тоје музички феномен како ниеден друг. Секоја година неговите прекрасни концерти привлекуваат повеќе од 600.000 обожаватели и со тоа се вбројува меѓу најпродаваните топ 10-ѕвезди. Продал импресивни 40 милиони CD и DVD копии. По завршување на концертот враќање во хотел. Ноќевање

 

Недела 09 Јуни

Појадок. По појадокот одјавување од хотел и посета на шопинг центар. Поаѓање за Охрид во 14:00 часот. Попладневно возење со кратки попатни паузи. Пристигнување во Охрид во вечерните часови.

Забелешка

Цената вклучува                                                                                                                                            

-  автобуски превоз според програмата  ( Поаѓање од Охрид и Скопје)                            

-  2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Софија                                                               

-- влезници за концертот од 70е / локација –  C 1-3  

-  разглед на Софија со локален водич 

-  Организација и водство на програмата                                                                                                                                              

 

Цената не вклучува

- патничко осигурување

- факултативна вечера во традиционален ресторан-25е  

  за факултативната вечера неопходна е најава

  со резервација на аранжманот

 

 

 

 

За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А ВИС ПОЈ и СКТМ

 

Сподели со пријателите: