+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

3

Хотелот се наоѓа меѓу густа вегетација , прекрасни паркови на само неколку чекори од плажата и ноќниот живот на Пефкохори, една од најпопуларните дестинации на Халкидики. Сите соби се неодамна реновирани , модерно уредени и содржат погодности потребни за релаксиран одмор.. Сите соби имаат прекрасен поглед на паркот. 

Двокреветните соби се неодамна реновирани модерно уредени, со модерен амбиент и  површина од 20 м2 .

Трокреветните соби се наменети за 3 лица  имаат еден брачен кревет плус додатен кревет за возрасен  и се 25 м2 . 

Фамилијарните соби се поделени на две спални соби со брачни кревети . Имаат 30 м2 површина и се идеални за фамилија за 4 возрасни и две деца.

Сите соби се опремени со клима, сателитска тв, големо купатило, телефон, кујна, сеф, балкон со поглед на паркот.

Во хотелот ги има  сите можности за убав релаксиран одмор, изнајмување на автомобили, бродови, мотори, интернет, информативен пулт за организација на разни излети, доктор, услуга во соба, ресторан , Доручекот и вечерата се на база шведска маса  и се служат во прекрасниот дел од хотелот со поглед на базенот и хотелскиот парк. Бар покрај базенот отворен од наутро до вечер, Плажата е со кристално чиста вода која ве мами да веднаш влезете, додека во базенот имате можност за хидромасажа,  а секако после тоа ве очекува прекрасно освежување со коктелите  на лежалките кои се користат бесплатно . Тука е и детскиот базен за содржината да биде комплетна , а одморот незаборавен .

Љубителите на спортовите имаат голем избор покрај  скијањето  на вода , понудата за моторизирани спортови е богата, забава за целото семејство, педалинки, ринго и банана.

За оние кои го сакаат нуркањето во Пефкохори има специјални места  со лиценцирани инструктори , опрема и најнова технологија за откривање на морскиот свет .

За одморот да биде комплетен тука се таверните каде најчесто има жива музика . 
 

 

Галерија

Ценовник

ЗА ЦЕЛОСНА КАЛКУЛАЦИЈА (ЦЕНА И ТЕРМИНИ) КОНТАКТИРАЈТЕ НА НАШИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ БОРЕВИ 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

vis/ј

Сподели со пријателите:
Хотелот се наоѓа меѓу густа вегетација , прекрасни паркови на само неколку чекори од плажата и ноќниот живот на Пефкохори, една од најпопуларните дестинации на Халкидики. Сите соби се неодамна реновирани , модерно уредени и содржат погодности потребни за релаксиран одмор." data-share-imageurl="">