+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

Бали е  најпознатата “ кралица ” на туризмот на Индонезија, кој е познат насекаде во светот. Покрај природните убавини, особено прекрасните плажи, Бали е исто така познат по уникатната и интересна култура. Туристичката индустрија на Бали е лоцирана во неговиот јужен дел и во неколку други области.

Главни туристички дестинации се  Kuta  и околните области како Legian и Seminyak, западните градови како Sanur,центарот како Ubud,  и на југ Jimbaran, Nusa Dua и  Pecatu.

Бали е комплетна туристичка  дестинација со многу интересни места: плажата Kuta , Tanah Lot Храмот, плажата  - Padang,  езерото Beratan Bedugul, Garuda Wisnu Kencana (GWK), плажата  Lovina со  Lumbanya Dolphin, Pura Besakih, Uluwatu, Munduk, Kintamani, Amed, Tulamben, Menjangan Island  и многу други. Бали истотака поседува и неколку туристижки центри кои се полни со едукација, како зоолошки градини, тродимензионални музеи, игралишта на вода ...

Корисни информации за БАЛИ Вообичаени временски услови во Октомври се карактеристични за екваторскиот дел.Сушен и топол период со температури во просек од 28 до 32 степени. Има и краткотрајни дождови и висока влажност на воздухот до околу 80 %.Температурата на морето е 28 степени. Индонезиската валута е Рипи - 1 УСД = 13,358 idr 1 Evro= 15.046 IDR 1 EUR=15,046.51 IDR. Се препорачува обавезна употреба на средства против комарци.Се препорачува лесна памучна облека и лесни удобни обувки за пешачење.Обавезно да се спакува лесна јакна,чадор и мушама за дожд,како и шешир засонце и крем за сунчање висок фактор...

Посетете го Бали за незаборавна авантура...

Галерија

Ценовник

Цена за пакет аранжман

од 952 еур , по лице

 

За подетални информации, контактирајте не. Ве очекуваме ...

Програма на патувањето

ПРИВАТНА ЦЕЛОДНЕВНА ПРОГРАМА

Можност 1: Kintamani  и  Ubud 

Целодневна екскурзија до Палатата Ubud King  и  Шумата на мајмуните – шума светилиште. Посета на плантажа за кафе и оризови полиња, пред пристигнување во вулканот Kintamani , каде ќе се воодушевите на прекрасниот пејсаж на кратерот на планината Batur. Пред враќање во хотел , посета на Holy Spring Tirta Empul. - свет извор во хинду религијата, каде во свежата вода се изведува ритуалот на прочистување.

Можност 2: Храмот Ulun Danu и водопадот  GitGit 

Целодневна екскурзија која започнува со посета на водопадот  GitGit. Најубавиот водопад во Бали, опкружен со тропски дрва. Излетот продолжува до езерото Tambling и Buyan и посета на храмот Ulun Danu Water Temple. На крај посета на пазар за разни тропски овошја и зеленчуци.

Можност 3: Храмовите на Бали и Kecak танцот.

Целодневна екскурзија до Taman Ayun Храмот – храмот на кралската фамилија,скриен хинду кралски храм поставен на мало парче земја и опкружен со рибник.. Се посетува и  Tanah Lot Храмот, изграден на карпа над  морето и посветен на Божицата на морето. Излетот продолжува до Uluwatu Храмот,  еден од шесте клучни  храмови , за кои се верува дека се духовни столбови на Бали. На крај од денот ќе уживате во  Kecak танцот, со прекрасен залез на сонце во позадина.

Можност 4: Прекрасните  Jatiluwih и  Ulun Danu Храмови

Посета на Jatiluwih оризова тераса, прекрасен пејсаж лоциран во централниот дел на островот близу езерото  Bratan, помеѓу  Denpasar и  Singaraja шумата. Патот продолжува кон езерото Tambling  и  Buyan, каде се посетува храмот Ulun Danu Water, Шумата на мајмуните, храмот Taman Ayun, познат како Кралскиот храм.

 

 

ПРИВАТНИ ПОЛУДНЕВНИ ТУРИ

Можмост 1 :  Кралската Палата и традиционалните села на Бали  - Екскурзија до Палатата Ubud King  и Шумата на Мајмуните -  природно шумско светилиште Посета на селото Ubud, познато по долгата традиција на ракотворби.  Селото  Mas надалеку познато по својата резба. Резбата на Бали е позната како една од најфините во светот, каде најдоброто од Бали се трансформира во прекрасни скуплтури.

 

Можност 2 : Танцот Batubulan Barong  и Убавиот  Tegalalang  вклучувајќи го и  Goa Gajah – Уживајте во танцот Barong пред да се прошетате во оризовите полиња на Tegalalang .  Прошетката продолжува со посета на Goa Gajah или пештерата Слон. Целиот простор на  Goa Gajah е опкружен со прекрасна тераса на оризови полиња и речни долини. Како една од волшебните историски локалитети, Goa Gajah привлекува посетители, како локални така и странци

 

Можмост 3 :  Споменикот  Bajra Sandhi  и турата – Храмовите на Бали

Посетете го  Bajra Sandhi,споменик на борбата на луѓето на Бали низ историјата Екскурзијата продолжува до храмот  Taman Ayun – Кралскиот храм  Mengwi  - скриен хинду храм поставен на мала земја и опкружен со рибник. Шатувањето продолжува со храмот  Pura Jagatnatha, лоциран во центарот на Denpasar