+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз

Хотелот се наоѓа во областа Colakli, оддалечен 55км од аеродромот во Анталија, 11км од центарот на Сиде.

Вкупен број на соби 270 во три објекти.
Стандардни соби (една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице, некои од собите се со кревети на спрат макс. 2+2 лица).
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима уред во секоја соба, телефон, мини бар (се дополнува секој ден), сеф (со доплата), ламинат на подот, сателитска ТВ.

All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, сладолед во одредени часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 00:00 часот, храна и пијалоци во барот на плажа од 10:00 – 18:00 часот, A'La Carte ресторан со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено: увозни пијалоци и коктели, сите видови пијалоци во Диско клуб, свежо цедени сокови, Турско кафе, сите флаширани пијалоци и специјални вина.

Главен ресторан со шведска маса, A'la Carte ресторан, бар на плажа, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, телефон, интернет и компјутерски игри, рент а кар. WI-FI интернет дополнително се наплатува

Хотелска приватна песочна плажа оддалечена 550 метри од хотелот, лежалки, чадори, душеци за лежалки се бесплатни. Пешкири на плажа со депозит.

Надворешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, Турска бања, сауна, фитнес центар, тениски терени, одбојка на плажа. Сите видови спортови на вода, билјард, компјутерски игри, масажа и SPA центар дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години со специјални програми во текот на денот и Мини Диско цо вечерните часови.

www.boneclubhotelsunset.com

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/s

Сподели со пријателите: