+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 20:00

од 1870
***
11
BB
превоз
5

Галерија

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1870€

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

Програма на патувањето

Програма на патувањето

1.-6. ден: Белград – ( Будимпешта ) – Рио де Жанеиро

Состанок на групата на Аеродром Белград  и директен лето до Рио или превоз со мини бус или комбе до Будимпешта и лет за Рио де Жанеиро. Трансфер до хотел. Ноќевање / Појадок.

Појадок. Престој во градот на карневалот и самбата. Наша препорака е посета на националниот парк Pan de Azucar, посета на Corcovado, статуата на Христот, капење на Копакабана и Ипанема, одбојка и фудбал на плажа , посета на познатата Маракана и фантастичен ноќен провод со самба забава, која ја нуди овој прекрасен град , како и посета на блискиот остров Ilha Grande. Ноќевање.

6.ден : RIO DE JANEIRO – IGUASU водопади – авионски превоз

Појадок.Напуштање на хотелот и слободно време во Рио.Вечерта трансфер до аеродром и лет Рио де Жанеиро – Foz do Iguazu (бразилска страна на водопадите). Трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

7.ден: PUERTO IGUASU (FOZ DO IGUAZU – бразилска стана)

Појадок.Организирана посета на националниот парк Iguasu од бразилска страна, еден од најголемите природни атракции на Јужна Америка Враќање во хотел во Iguasu.Слободно време. Можност за посета на Парагвај, Ciudad del Este. Ноќевање.

8.ден :IGUASU – (CATARATAS DE IGUASU –аргентинска страна) - BUENOS AIRES –авионски превоз

Појадок. Организиран разглед на Iguasu водопадите од аргентинска страна.Враќање во хотел во  Iguasuu. Слободно време. Вечерта трансфер до аеродром и лет за Буенос Аирес.Трансфер до хотел. Ноќевање.

9.ден : BUENOS AIRES

Појадок. Буенос Аирес , една од десете најважни метрополи на светот , град кој претрпел најголемо европско културно влијание , па се нарекува и Париз на Јужна Америка. Полудневниот разглед на градот опфаќа возење по неговите широку булевари , Авенијата 9 јули, плоштадот на Маите,Куќата Росада (претседателска палата), катедралата , театарот Колон , Обелискот, богатиот градски кварт Реколета и некогашниот работнички , а денес боемски кварт  La Boka, интересен по своите шарено обоени куќи.. Попладнето полудневен факултативен излет до делтата на реката Парана.Возење со бродчиња по каналите на оваа делта, додека уживате во погледот на брегот, богат со убави куќи со градини , ресторани и многу зеленило и цвеќе. Ноќевање.

10.ден : BUENOS AIRES

Појадок.Слободен ден за индивидуален разглед или шопинг. Ноќевање.

11.ден BUENOS AIRES

Појадок.Слободен ден за индивидуален разглед или шопинг.Вечерта факултативно – вечера со танго претстава.Ноќевање..

12.ден: BUENOS AIRES

Појадок. Слободни активности. Факултативно – еднодневен излет до Монтевидео , Уругвај. Ноќевање.

13.-14.ден; Буенос Аирес – Белград

Појадок. Трансфер до аеродром  и лет Буенос Аирес – Белград или Буенос Аирес – Будимпешта ( со трансфер до Белград)

Забелешка

Цената на аранжманот вклучува:

  • Меѓународен и локален авионски превоз на наведените релации,
  • Сместување во двокреветни стандард соби во хотели со 3* и 4* (локална категорицаџија),
  • на база ноќевање со појадок
  • Сите трансфери,
  • Дводневен на аргентинска и бразилска страна на водопадите Игуасу.
  • Организација и водство на патувањето.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Аеродромски такси во износ од 320€
  • Бакшиш за локални водичи на екскурзиите,
  • Влезници во националниот парк Игуасу (плаќање во локална валута на лице место)
  • Факултативни излети:
    • Полудневен факултативен излет во Буенос Аирес до делтата на реката Парана - 50$,
    • Вечера со танго претстава (само танго претстава- 60$, танго претстава и велчера - 125$)
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци на патникот
  • Трошоци за добивање виза
  • Трансфер Охрид – Белград – Охрид , во зависност од пријавените патници

 

Напомена

  • Плаќање во денарска противредност
  • За реализација на аранжманот важат општите услови на агенцијата
  • При резервација се уплатува 30 % од вредноста на аранжманот
  • Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиокомпанијата, агенцијата го задржува правото за промена на цената на аранжманот.
  • За сите факултативни излети потребен е минимален број на учесници за реализација
  • Пријавување најдоцна 30 дена пред поаѓање
  • Цената е гарантирана само при уплата на целосен износ на аранжманот.

 

Сподели со пријателите: