+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00

Ве водиме во CHATEL, дел од огромниот ски центарPORTES DU SOLEIL – Вратата на Сонцето .

Незаборавно зимување на падините на импозантниот Мон Блан, скијање со еден ски пас во 2 држави: Франција и Швајцарија. Целиот комплекс има 650 км поврзани стази, прекрасна микро клима и многу природен снег. Ви гарантираме врвно скијашко уживање за сите категории на скијачи. Комплексот опфаќа дури 12 градчиња во Франција и Швајцарија и познатите ски центри: Avoriaz, Morzine, Montriond, Le Gets, St Jean d’Aulps, Abondance, Châtel и 4 ски центри во Швајцарија.                                                                                                                     

CHATEL е многу симпатично алпско село, чие скијалиште е поврзано со останатите скијалишта од регијата PORTES DU SOLEIL. Во самиот центар отворен е нов  Aqua centar "Forme d'O" :затворен и отворен термален базен,базен за деца,wellnes зона (сауна, масажа...). Ориентациона цена за неделно користење на класик услуга е 40 евра а за децата 30% поефтино. Местото е полно со кафичи и ресторани,продавници за зимска опрема и неколку големи маркети (Scherpa i Casino). Од центарот возат бесплатно ски автобуси кои ги собираат скијачите по пат кон жичарите.

Ценовник

FIRST MINUTE ЦЕНИ. ВАЖАТ ДО 30 СЕПТЕМВРИ 2019!

Генерален опис на  Студиата и Апартманите во ШАТЕЛ

За Шател ви нудиме 2 програма за сместување во апартмани и студија.

СТАНДАРД апартмани, без име, т.е. локалната агенција се обврзува да ве смести според уплата на вашиот тип на сместување кои се наоѓаат во различни резиденции/згради по должината на целата населба, секогаш блиску до бесплатен ски бус. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различни мебел и содржина..

Втор тип е сместување во Резиденцијата “LE GRAND LODGE”.

СТАНДАРД АПАРТМАНИВО ШАТЕЛ                                                                                                               

СТУДИО за 3 лица, 20 м2.: Еднособно студио-една просторија. Тросед на извлекување за 2 лица, плус 2 кревети на спрат,ТВ, опремена кујна со електрични решоа со рерна, фрижидер, садови и прибор за јадење, место за јадење, Купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

 СТУДИО за 4 лица, 25-28 м2.: Еднособно студио-една просторија. Тросед на извлекување за 2 лица, плус 2 кревети на спрат, ТВ, опремена кујна со електрични решоа со рерна, фрижидер, садови и прибор за јадење, место за јадење, Купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

АПАРТМАН со 1 спална соба, за 5 лица, 30-35 м2.: Апартман со 2 простории ( дневен престој + 1 спална).  Кревети на спрат во спална соба. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица  (или 1 двоен кревет), опремена кујна со електрични решоа со рерна, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, купатило и ВЦ (една просторија, некаде одвоено), балкон или веранда.                                                                                                                                     

АПАРТМАН со 2 спални соби, за 6 лица, 45-50 м2.: Апартман со 3 простории ( дневен престој + 2 спални). 2 одвоени кревети или еден голем во секоја спална соба. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица, ТВ. Опремена кујна со електрични решоа со рерна, фрижидер, садови и прибор за јадење, Купатило и ВЦ (една просторија, некаде одвоено), балкон или веранда. 

АПАРТМАНИ во Резиденцијата “LE GRAND LODGE” 3*

Резиденцијата “LE GRAND LODGE” 3*e градена во традиционален планински стил, во комбинација на камен и дрво. Апартманите се конфорни и минималистички декорирани за да го направат вашиот престој пријатен. Уживајте во затоплениот внатрешен/надворешен базен, џакузи и сауна, парна соба. Бесплатен WI-FI  во просторот кај рецепција, бесплатна ски гардероба. Оддалеченост од ски лифт: 600м. Бесплатен ски бус. До центарот на Шател има 800 м.

Сите апартмани имаат многу добра опремена кујна: микробранова печка, машина за садови, машина за кафе, тостер, бокал за греење вода.

Т2/4  AПАРТМАН 2 собиза 4 лица 28m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, Купатило со туш кабина, посебен тоалет, Балкон или патио.

Т2/6 AПАРТМАН 2 собиза 6 лица  37m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, на влезот (одвоено од дневната соба) 2 кревети на спрат. Купатило со туш кабина, посебен тоалет, балкон или патио.

Т3/6 AПАРТМАН3соби  за 6 лица 57m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, 1 спална со 2 одвоени кревети. Купатило со туш кабина, посебен тоалет, балкон или патио.

Т3/6 AПАРТМАН3соби  за 8 лица 57m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, 1 спална со 2 одвоени кревети, на влезот (одвоено од дневната соба) 2 кревети на спрат. Купатило со туш кабина или када, посебен тоалет, балкон или патио.

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/j 

 

Програма на патувањето

Програма:

1 ден-петок, 03.01.2020. СКОПЈЕ- CHATEL.Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за Шател  во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота 04.01.2020. CHATEL .Пристигнување во Шател во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3–8 ден 05-10.012020. Шест дневно скијање во CHATEL- PORTES DU SOLEIL . Ноќевање

9. ден-сабота 11.01.2020.CHATEL-СКОПЈЕ.Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

10 ден – недела 12.01.2020 СКОПЈЕ. Пристигнување во попладневните часови.

 

 

Забелешка

Во цената е вклучено:

Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје–CHATEL–Скопје
7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во CHATEL
6 дневен скипас за стазите на CHATEL.
Користење на загреан внатрешен и надворешен базен, сауна,парна соба, џакузи- за гостите во “LE GRAND LODGE”
Туристички пратител за време на турата

Во цената НЕ Е вклучено:

Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 525 денари.
Туристичка такса од 1-2,53 на ден по лице. Се плаќа на лице место.
Доплата за PORTES DU SOLEILski pass за 6 дена ( 650 км стази ) изнесува 80 €по лице. Задолжителна предрезервација и плаќање во агенција. Наша топла препорака !

 

Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 10€ сет крпи. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

ТВ во студиа/апартмани во Резиденцијата “LE GRAND LODGE” се наплатува 42 евра за 1 недела, како и Интернет приклучок: 16 евра за 1 недела.

Појадок: Резиденцијата “LE GRAND LODGE” овозможува  користење на појадок по цена од 10 евра по лице на ден. Резервација и плаќање на лице место.

Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 250-400€ по студио/апартман. Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е готовинско или со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)

Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за чистење на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето, или ќе се наплати од 59 – 100 евра (за Т3/8 апт)

Сподели со пријателите:
Ве водиме во CHATEL, дел од огромниот ски центарPORTES DU SOLEIL – Вратата на Сонцето .

Незаборавно зимување на падините на импозантниот Мон Блан, скијање со еден ски пас во 2 држави: Франција и Швајцарија. Целиот комплекс има 650 км поврзани стази, прекрасна микро клима и многу природен снег." data-share-imageurl="">