+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
4

Дубаи е без двоумење туристичка дестинација на 21 век.

Маркантна метропола која никна на персискиот залив и понуди современи содржини кои ги задоволуваат апетитите на голема туристичка маса, од сите делови на светот. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати. Големите инвестиции во Дубаи во широк спектар на атракции, овозможуваат вистински туристички бум, на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи. Дубаи е во главно пустински град со извонредна инфраструктура и атипично во споредба со регионалните стандарди има полиберални правила. Денес, со познатата плажа Џумеира, бројните шопинг центри, традиционалните и автентични арапски пазари, модерните облакодери и луксузните хотели, претставува вистинска туристичка оаза во пустината.

Карактеристична е пустинска или суптропска клима. Во лето температурата може да достигне и до 49 степени. Во остатокот од годината од 20 - 35 степени.

По лансирањето на метрото како јавно превозно средство, Дубаи го добива веројатно најдобриот јавен транспорт на Средниот Исток. Сите возови и станици се климатизирани и интересен е фактот што метрото во Дубаи е првата урбана железница на Арапскиот полуостров. Автобускиот превоз има широко развиена мрежа на маршути. Низ градот може да се движите и со такси кое е лесно достапно и вози по однапред утврдени идентични цени на сите такси компании.Локална валута е дирхам 1 EUR = (околу) 10 AED.

Галерија

Ценовник

Цена на аранжманот  од  899 евра

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

Програма на патувањето

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ден Охрид – Дубаи:

Поаѓање од Охрид во 08:00 часот пред туристичката агенција Вис Пој. Пристигнување на аеродромот во Скопје и чекирање. Полетување од Скопје во 13:30 часот (FZ792), слетување во Дубаи во 20:30 часот (летот трае 5 часа).Трансфер (1 час) до Ras Al Khaimah и сместување во хотел. Вечера и можност за ноќни доживувања со бесплатни пијалоци во рамките на “all inclusiv”. Ноќевање.

2,3 и 4 ден Ras Al Khaimah

Престој во хотел со 5* на самата плажа, храна и пијалоци, неограничено на база “all inclusive”. Денови предвидени за одмор, рекреација и уживање на песочните плажи. Време за индивидуални активности во рамките на хотелот кој располага со сопствена плажа и голем број на услуги, оброци, пијалоци и забава кои ви се на располагање во текот на 24 часа...

5 ден Дубаи

Појадок. По појадокот од мирните песочни плажи, продолжуваме во големиот урбан центар на Дубаи, каде ни се дава можност да го доживееме бисерот на Персискиот залив. Сместување во хотел со 4* во Дубаи (трансфер 40 минути). Сместувањето е на база ноќевање и појадок, меѓутоа секоја соба е апартмански тип со комплетно опремена кујна, а во близина има голем број ресторани (кинески, индиски, италјански, турски, за брза храна), супер маркети ...

Хотелот се наоѓа во многу популарна област, одалечен само 10 минути од метро. Попладневни активности посета на неверојатното пристаниште во Дубаи, Dubai Marina, како и познатото и популарно THE WALK, JBR шеталиште.

Факултативна програма:

  • Desert safari – Патување со 4WD по пустината во Дубаи, логорување во песочните бранови и вечера под ѕвездите, гледајќи прекрасно шоу Tanoura – стомачен танц. Патување низ пустината е искуство кое мора да го почувствувате при посета на Дубаи.

  • Dhow Cruise – Романтично крстарење на традиционално декориран дрвен чамец, пловејќи по потокот во Дубаи. Еден од најголемите знаменитости во Дубаи, облеан со месечева светлина. Новите и старите градби во оваа област се доведени до совршена убавина која ќе ве маѓепса. Поаѓање 19:00 – 19:30.

  • Вечера во некој од традиционалните локални ресторани.

 

6 ден Дубаи

Појадок.По појадокот, полудневен разглед на Дубаи со локален туристички водич, на англиски јазик . Ќе имате можност да ги видите грандиозните Burj Кhalifa - највисокиот облакодер во светот, Jumeirah Mosque - џамија, Burj Al Arab – еден од најлуксузните хотели во светот, кој слободно може да се каже дека е заштитен знак на Дубаи, Palm Island – Островот Палма кој што е изграден во облик на палма и е огромна атракција во Дубаи, Marina – пристаништето во Дубаи, кое што ќе ја собори секоја слика за пристаништата кои претходно сте ги виделе, spice souk – традиционален маркет каде се нудат различни зачини, мириси и билки кои се користат во Арапскиот свет, Gold Souk – традиционален маркет каде се тргува со злато, Dubai Creek – познат солен поток во Дубаи, Dubai Museum – музеј. Слободно попладне. со можност за посета на трговски центар Mall Of Emirates каде што се наоѓа познатиот Ски Дубаи и Dubai Mall I Burj Кјалифа или посета на Волшебните градини на Дубаи кои располагаат со повеќе од 45.000.000 цвеќиња. Ноќевање.

 

7 ден Дубаи – Абу Даби – Дубаи

Појадок. По појадокот заминуваме на целодневен разглед на Абу Даби со локален туристички водич, на англиски јазик. Абу Даби е главен град  и втор најголем град во Обединетите Арапски Емирати . Абу Даби лежи на остров во Т-форма во Персискиот залив од страна на централниот западен брег. Во Абу Даби се наоѓаат значајни градби на сојузната влада, а градот е седиште на Владата на ОАЕ, а во него се наоѓа и домот на кралското семејство. Посета на Sheikh Zayed Grand Mosque – надалеку познатата бела џамија во која има капацитет за собир на 41000 верници. Абу Даби прераснува во космополитска метропола. Неговиот брз развој и урбанизација, во комбинација со релативно високиот просечен приход на населението, го менува Абу Даби. Денес, градот е политички центар на земјата, центар на индустријата , како и најголем културен и трговски центар. Главниот економски центар е во северниот дел од градот, каде се наоѓаат неколку административни и финансиски центри, во населбата Корниш. Во овој дел од градот се изградени високи облакодери, а населбата е наречена „Менхетен на Блискиот исток“. Остатокот од градот се вили на богатите жители на градот и над 2000 прекрасно организирани паркови и градини. Развојот на градот и неговиот современ изглед бил забрзан уште во 1980-тите. Современите градби во футуристички стил ќе го маѓепсаат секој посетител.

Факултативна програма

  • Ferrari world – Најголемиот парк со Ферари тематика во светот. Голем број на забавни содржини и атракции кои потекнуваат од светот на Ферарито, атрактивно за фанови, ентузијасти и авантуристи.

 

8 ден Дубаи – Охрид

Трансфер до аеродром во раните утрински часови. Полетување од Дубаи во 09:15 часот (FZ791), слетување во Скопје во 12:45 часот. Траснфер од аеродром до Охрид со кратки попатни паузи. Пристигнување во Охрид 17:00 часот.

 

 

Забелешка

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Трансфер Охрид – Аеродром Скопје – Охрид

  • Авионски превоз на релација Скопје - Дубаи - Скопје (авиокомпанија "Fly Dubai")

  • Трансфери:

* аеродром Дубаи – хотел во Ras Al Khaimah

* Хотел во Ras Al Khaimah - Хотел во Дубаи

* Хотел Дубаи – Аеродром Дубаи

- Сместување во

* хотел во Ras Al Khaimah со 5* база 4 ноќевања all inclusive

 

All inclusive услугата содржи:

Избор од 15 ресторани, клубови и барови служат голем избор на алкохолни пијалоци (одредени врсти на водка, текила, рум, виски, џин, пива и вина) и безалкохолни пијалаци ( чај, кафе, џусеви, сода, вода) и различен избор на главни оброци, меѓу јадења, десерти и специјалитети. Мини бар и Собна услуга (Room service)- посебно мени кое се служи по вечера и пред времето за појадок Спа и велнес, Турска бања, сауна, парна бања, ледена фонтана и базен, селектирани освежителни пијалоци, витамински коктели , фитнес центар. Пристап до Rixy klubot , детски базен како и учество во активности и игри. Пристап до интернет, Xbox 360 ,Play Station, билијард маса, електронски уреди и други игри. Дневни забавни програми, игри на базен и фитнес активности,билијард, одбојка на плажа, фудбал, тенис, кошарка. Базен, и сопствена плажа со лежалки и чадори.

Во хотелот се плаќаат дополнително само:

-Специјален избор на јадења, ликери, вина, шампањ и цигари.

- Во ноќните клубови се доплаќа за специјални ВИП маси

- Влезници за настапи на познати интернационални изведувачи како и приватни кабини.

* хотел во Дубаи 4* база 3 ноќевања со појадок.

- Разглед на Дубаи со стручен локален водич и вклучени влезници

- Еднодневна тура во Абу Даби со стручен локален водич и вклучени влезници

- Патничко осигурување

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси во износ од 45 евра (износот е променлив)
- Туристичка виза за ОАЕ 85 евра

- Факултативни излети:

  • Desert safari 45 евра

  • Dhow Cruise 50 евра

  • Ferrari world 55 евра

- Индивидуални трошоци

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за еднокреветна соба 460 евра

НАПОМЕНИ:
- Потребни документи за виза: скенирана фотографија и важечки пасош, со најмала важност од 3 месеци по датумот за враќање.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување

Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите или промена на курсот при размена на валути USD/EUR.

 

Сподели со пријателите:
Дубаи е без двоумење туристичка дестинација на 21 век.

Маркантна метропола која никна на персискиот залив и понуди современи содржини кои ги задоволуваат апетитите на голема туристичка маса, од сите делови на светот." data-share-imageurl="">