+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
****
1
BB
превоз
4

Хотелот "Белви" е отворен во 1989 година, со спроведено комплетно реновирање во 2007 година. Според законските регулативи, хотелот е категоризиран како хотел од втора категорија со 4 ѕвездички. Хотелот се состои од пет спрата со мезанин, приземје, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.

Сместувачкиот капацитет се состои од пет спрата и мезанин со следните содржини:

  • 170 двокреветни соби со опција за додавање трет дополнителен кревет;
  • 3 стандардни апартмани (спална и дневна соба);
  • 1 делукс-апартман (спална и дневна соба).

Сите апартмани се комплетно и луксузно опремени.

  • Има посебна просторија за персоналот и за "собна услуга" за секој спрат;
  • Сместувачкиот дел покрива површина од 6.000 м2;
  • Постои систем за откривање  пожар;
  • Хотелот е опремен со хидрантен систем, и опрема за заштита од пожари.
  • Пред хотелот од страната на езерото на ниво на подрумот има:

  • Еден надворешен базен за деца;
  • Еден надворешен базен за возрасни (Двата базена се надгледувани и одржувани преку целиот ден. Тие се во одлична состојба и функција, опремени со сите неопходни работи за плажа - чадори за сонце, лежалки за плажа...);
  • Два терена за тенис за спорт и рекреација на гостите.
  • Хотелот има свој сопствен простор за своите гости со капацитет од 120 возила. Тој е надгледуван со камери 24 часа на ден.

    Езерскиот комплекс Метропол- Охрид има сопствена плажа долга 800 метри. Плажата е добро организирана и уредена според законските регулативи, надополнета со спасувачка служба.

Сподели со пријателите: