+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 421
*****
7
ALL
превоз

CALIDO MARIS HOTEL 

Положба 
Хотелот се наоѓа во областа Kizilot, оддалечен 75км од аеродромот во Анталија и 20 км од Сиде и Манавгат. 

Сместување
Вкупен број на соби 427. 
Стандардни соби (една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица), 
Фамилијарни соби (две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица), 
Суит конектирани соби (макс. 5 лица). 
Сите соби се со купатило со када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар, сеф (со доплата), LCD TV, балкон. 

Услуга 
All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне торти, чај, кафе, вечера, полноќна супа, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, сладолед во одредени часови, бар на плажа 10:00 – 18:00 часот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, пијалоци по 24:00 часот, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, послуга во соба, сите пијалоци во Диско клуб и Витамин бар. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани со претходна резервација, лоби бар, бар покрај базенот и на плажа, Диско клуб. Доктор, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, интернет и компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во Лоби се доплаќа. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа, песочна со камчиња, до плажата се поминува преку тунел по патот, лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни. 

Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, Турска бања, сауна, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, терен за кошарка, одбојка на плажа се бесплатни. Масажа, спортови на вода, осветлување за тениски терени и опрема, Wellness центар и салон за убавина дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години. 

www.calidomaris.com

Галерија

Ценовник

Контактирајте не за целосна калкулација со наведени датуми на патување.

Сподели со пријателите: