+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

од 443
*****
6
ALL
превоз
1

DREAM WORLD AQUA 

Положба 
Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, оддалечен 6 км од Сиде и 55 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување
Вкупен број на соби 398. Стандардни соби (една спална соба и едно купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни соби тип 1 (две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица), Фамилијарни соби тип 2 (две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс. 4 лица) и 2 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинат на подот, LCD TV со сателитски програми, балкон. 

Услуга 
All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне торти и колачи, ужина, вечера, доцна ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, мини бар во собите, бар на плажа од 10.00 – 17.00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, шампањ, Турско кафе, свежо цедени сокови, послуга во соба, пијалоци во Диско клуб, A’la Carte ресторани со претходна резервација и доплата. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Sultan BBQ ресторан, Neptun - рибен ресторан, Bolita – Италијанска кујна, Bihai – кујна од Далечниот Исток, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, телефон, факс, компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI – FI интернет конекција во лоби и во собите е бесплатна. 

Плажа 
Хотелска песочна приватна плажа, на 700 метри од хотелот, лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни. Бесплатен превоз на релација хотел-плажа-хотел во текот на денот. 

Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца (внатрешните базени се затворени во летната сезона), Aqua Park, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Масажа, СПА центар, салон за убавина, билјард, сите спортови на вода дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години. 

www.dreamworldhotels.com.tr

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

 

вис/j

Сподели со пријателите: