08:00 - 16:00
FAME RESIDENCE KEMER & SPA
Положба
Хотелот е лоциран во центарот на Кемер, 50км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 246.
Стандарни соби (22-25м²,макс.2+2 лица)-една спална и купатило,
Фамилијарни соби (35м², макс.4 лица)-една голема соба и купатило.
Повеќето од собите имаат балкон (дел од собите се со Француски балкон), поглед на море, планина или градина, купатило со када и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и сокови), сеф, сет за кафе и чај, електричен бокал, ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали.
Услуга
Fame Style Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне колачи, чај и кафе, вечера, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24:00 часот, сладолед во одредени часови од денот. Дополнително се наплаќаат-сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, пијалоци во Диско бар, A’la Carte ресторани со претходна резервација, храна и пијалоци после 24:00 часот (освен полноќната супа), услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, А’la Carte ресторани со Турска, Италијанска и рибен рестиран, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, Gozde паб и снек бар на плажа од 10.00-18.00час. Доктор, перална, чување деца, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет во лоби е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна плажа, со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени, базен за деца, фитнес, сауна, Туркс бања, пинг понг. Спортови на вода, масажа, Спа и Велнес центар, билијард, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 год.