+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 530
*****
7
UAI
превоз
5

LAKE & RIVER SIDE HOTEL & SPA 

Положба 
Хотелот се наоѓа во областа Тitreyengol, 1300 метри оддалечен од морето, 65 км од аеродромот во Анталија и 7км од градот Сиде. 

Сместување
Вкупен број на соби 418. 
Стандардни соби (16 -27m²; една спална соба со брачен кревет и еден единечен кревет, второ дете спие со родителите, макс. 2+2 лица), 
Економски соби (16 - 27m², макс. 2 лица), 
Фамилијарни соби (45m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица). 
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима уред во секој соба, телефон, сеф, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), ламинат на подот, сателитска ТВ, WI-FI интернет и балкон. 

Услуга 
Ultra all Inclusive – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, детски ресторан со шведска маса, ресторан (само за ужина) на плажа со безалкохолни пијалоци и пиво, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, коктели, луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, послуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турска кујна, Италијанска и Мексиканска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, рент а кар со доплата. WI-FI интернет конекција во хотелот и на плажа е бесплатна. 

Плажа 
Хотелска приватна песочна плажа оддалечена 1300 метри од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни. Бесплатен превоз на релација хотел – плажа – хотел во текот на целиот ден. 

Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени, лизгалки на вода, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа, сауна, соба со пареа и Турска бања се бесплатни. Масажа, Wellness & SPA центар и спортови на вода се бесплатни. Забавни програми покрај базенот и на плажа, натпревари за возрасни и деца, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години со специјални програми. 

www.lakeriversidehotel.com

Галерија

Ценовник

Контактирајте не за целосна калкулација со наведени датуми на патување.

Сподели со пријателите: