+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
4

Хотелот Метропол беше и остана единствен и неповторлив хотел, меѓу сите други хотели во регионот, со архиктетура што го одделува од сите други конвенционални хотели.
Хотелот е изграден и отворен во 1975 г., и е комплетно реновиран во 2004 г.

Според законската категоризација хотелот спаѓа во II категорија со 4 ѕвездички.Хотелот е комплетно климатизиран, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.

Сместувачкиот капацитет во хотелот Метропол се состои од 5 спрата со следниве содржини:

  • 110 двокреветни соби со опција за додавање трет кревет;
  • 4 стандардни апартмани (спална и дневна соба);
  • 1 резидент-апартман (2 спални и дневна соба);
  • 1 делукс-апартман (спална и дневна).

Сите апартмани се климатизирани и луксузно опремени, како и другите соби во хотелот. Има посебна просторија за "собна услуга" на секој спрат.

Сместувачкиот дел покрива површина од 6.610 м2.

Во сите затворени простории во објектот постои одличен систем за против пожарна заштита, систем за откривање на пожар, како и хидрантен систем и опрема за противпожарна заштита.

 

Сподели со пријателите: