ПРОГРАМА:
1 ден СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Поаѓање од аеродром во Скопје . Летот трае час и половина. Пристигнување во Истанбул. Трансфер до хотел. Слободно време за индивидуални активности
2 , 3 ден ИСТАНБУЛ
Два дена слободно време за индивидуални активности . Наша препорака:
- Посета на најголемиот трговски центар Форум
- Познатиот аквариум Туркуазоо
- Капали Чаршија
- Плоштадот Таксим.
- Сафир –највисоката зграда во Истанбул со 4Д проекција
- КРСТАРЕЊЕ со брод по Босфор
- ПОСЕТА на палатата Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот Султан
- Хиподромот
- Сината џамија
- Аја Софија
- палатата Топ Капи
- ВЕЧЕРА во традиционален ресторан
4 ден Истанбул - Скопје
Појадок, по појадокот трансфер до аеродром за враќање на утринскиот лет Лет од Истанбул до Скопје.
* Плоштадот Таксим , сместен во Европскиот дел на Истанбул, во населбата Бејоглу е најголемата туристичка атракција препознатлив по големиот број на ресторани , продавници и хотели. Плоштадот се смета за симбол и срце на модерна Турција , каде се наоѓа главната метро станица и споменикот на Републиката, изграден во 1928 година во чест на 5 годишнината од постоењето на Турската Република.
* Аја Софија - еден од најпознатите музеи во Истанбул.Првобитно изградена како христијанска базилика во 537 година п.н.е , се до 1453 година била седиште на Цариградската Патријаршија, за подоцна се до 1931 година да биде главна џамија и симбол на отоманската империја. Како музеј е отворена од 1935 година. Ова монументално дело , симбол на Византиската архитектура ќе Ве плени со импозантната градба , мешавината на стилови од сите епохи ,кои прекрасно се надополнуваат и ја прават единствена ваква градба во светот.
* Капали Чаршија - е еден од најголемите и најстари покриени маркети во светот, со 61 улица и над 4000 продавници. Оваа туристичка атракција секојдневно привлкува од 250 до 400 илјади посетители дневно, а во 2014 беше прогласена за најпосетена туристичка атракција со над 91 милион и 250 илјади посетители на годишно ниво. Таму може да се најдат производи за сечиј вкус , од облека, накит , сувенири па се до антикварници од секаков вид.
*Палататат Долмабахче- последната резиденција на Отоманската империја е најголемата палата во Турција , која се протега на површина од 45.000 метри квадратни, располага со 285 соби,6 турски амами и голем број на салони . Ова импозантно дело , сместено во европскиот дел на Истанбул, во елитната населба Бешикташ, ќе Ве маѓепса со различни архитектонски стилови , Барок, Рококо и Неокласичен стил помешани со традиционалната Отоманска архитектура , кои формираат една прекрасна синтеза што едноставно остава без текст.
*Топ Капи - еден од најголемите музеи во Истанбул, во 15 век била резиденција на Османлиската Империја .Од 1923 година палатата е претворен во музеј кој секојдневно привлекува голем број посетители од целиот свет. Оваа градба располага со голем број на простории од кои само најважните се достапни за јавноста, меѓу кои Харемот и скапоцента соба .Тука може да се најдат голем број на реликвии, меѓу кои отоманска облека, оружје ,минијатури и печати од Отоманската Империја
* Султан Ахмед или попозната како Сината џамија - се наоѓа во близина на Аја Софија. Изградена во времето на Султан Ахмед , составена од 6 минариња, овој прекрасен споменик со сини внатрешни ѕидови е само уште една туристичка атракција која ќе Ве маѓепса на прво поглед.
** Истанбул е вистинска дестинација за љубителите на добрата храна. Овој град располага со голем број на специјалитети меѓу кои надалеку познатите турско кафе и чај, локум.баклава, јогурт, симит , кебап, донер, бурек...
вис/ј