+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
BB
превоз

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Titreyengol, оддалечен 75км од аеродромот во Анталија и 5 км од Сиде.

Сместување
Вкупен број на соби 380.
Стандардни соби (34m², макс. 2+1 лице),
Економски соби (32 m², макс. 2+1 лице + бебе),
Големи соби (34 – 38m², макс. 4 лица),
Фамилијарни соби (40-42m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима, телефон, сеф (со доплата), мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, ламинат на подот, сателитска ТВ, балкон, WI-FI интернет конекција.

Услуга
Ultra all Inclusive – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, детски ресторан, бар на плажа со безалкохолни пијалоци, пиво и ужина, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 01:00 часот, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, коктели, луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, A’la Carte ресторан – Мексикански, увозни пијалоци по 01:00 часот, наргиле, послуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турска, Итлаијанска, Мексиканска и Азиска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција на јавни места е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, оддалечена на 300 метри од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, лизгалки на вода, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа, сауна, соба со пареа и Турска бања се бесплатни. Масажа, Wellness & SPA центар, спортови на вода дополнително се наплатуваат. Забавни програми покрај базенот и на плажа, натпревари за возрасни и деца, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години со специјални програми.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања
Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

 

Сподели со пријателите:
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Titreyengol, оддалечен 75км од аеродромот во Анталија и 5 км од Сиде.

Сместување
Вкупен број на соби 380.
Стандардни соби (34m², макс. 2+1 лице),
Економски соби (32 m², макс." data-share-imageurl="">