+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

Бугарија

Бугарија претставува Балканска раскрсница на речниот, морскиот и сувоземниот сообраќај. Денес Бугарија е членка на Европската Унија, Благодарение на природните убавини и благата Континентална клима, Бугарија е атрактивна туристичка дестинација или како дестинација за подолг престој. Богатата инфраструктура , бројните културни и историски локации, се причина Бугарија да биде посакувана дестинација. Ако сакате вашиот одмор да го поминете во уживање покрај море, во истражување на богатата историја, уживајќи во прекрасната традиционална кујна, тогаш Бугарија е идеален избор за вашиoтнезаборавен одмор.

Црноморскиот брег, всушност ја претставува источната граница на Бугарија. Тој е голем и добро познат туристички регион со долги плажи, прекриени со ситен бел или жолт песок. Туристичката сезона е долга и трае од мај до октомври. Поголеми туристички центри се Варна, Бургас, Несебар, Поморие, Златните Песоци, Сончев Брег и Созопол.

 


Ви благодариме за Вашиот интерес,
програмите се во тек на обработка...