+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
од 1225
****
10
BB
превоз
5

Дали патувате сами или во пар... или со група пријатели ...

Дали сакате да се сместите во локална куќа или голем ресорт или хотел ...

Ако сакате да искусите трансфери со јавен превоз .. или приватни тури со ретро коли од 50 тите години ...

Ако сакате да го доживеете ноќниот живот во салса клуб .. или сакате да посетите едно од најпознатите кабарет шоу во Куба....  дозволете ни да ви помогнеме сето тоа да го доживеете

Куба – земја со најпопуларна револуционерна историја и традиција, прекрасни плажи, пејсажи кои ќе ви го одземат здивот, салса клубови и прекрасно време, брзо станува една од најпосетените карибски острови за туристите од целиот свет.

Куба е скоро “ отворена ” кон светот и има различен животен стил од која и да било друга земја.

Не пропуштајте да ја посетите оваа прекрасна земја пред да ја промени  “ модерниот свет  ” со својот животен стил.

Галерија

Ценовник

Цена на пакет аранжман - од  1,225 еур

Цената е дадена по лице и важи за аранжман - минимум 2 патници

 

Во цената е вклучено

- авионски билет на релација Скопје- Хавана – Скопје

- Трансфер аеродром – Хавана – хотел – аеродром Хавана

- Трансфер Хавана – Варадеро – Хавана

- 6 ноќевања во Хавана, на база ноќевање со појадок  

- 4 ноќевања во Варадеро, на база 4 се вклучено

- локален туристички водич за разглед на Хавана и влезница во музејот во Хавана

 

Во цената не е вклучено

- оброци кои не се спомнати

- бакшиш за водичот и возачот

- индивидуални трошоци

- посета и влезници на предлог програмата

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

 

б.ф. / 04,12

Програма на патувањето

Програма – Куба

Ден 1   -  Пристигнување во Куба Организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

Ден 2 -  Разглед на Хавана

Појадок. По појадокот средба со локален туристички водич во центарот на Хавана. Разглед на стариот дел на Хавана

Посета на некои од најинтереснит и најпознатите  културни и историски знаменитости во стариот дел на Хавана, заштитени од УНЕСКО, како светско наследство. Прошетка по старите улици и плоштади , посета на Plaza San Francisco de Asis – плоштад со прекрасна архитектура и прекрасно место за да се започне разгледот на Хавана, Plaza della Catedral – една од петте главни плоштади на Стариот дел на Хавана, Plaza Vieja – плоштад кој ја менувал својата намена, од место за екзекуции, процесии па се до место на забави, Plaza de Armas – најстариот плоштад на Хавана,  Palazio de los capitanes Generales – поранешна официјална резиденција на гувернерите – денес градски музеј, каде се сместени изложби на уметнички дела и разни историски артефакти, а голем дел од собите се сочувани во нивната оригинална колонијална декорација - посета на градскиот музеј,  The Capitol – националната зграда на Хавана, до кубанската револуција во1959 год. била седиште на владата ан Куба а денес дом на кубанската академија на науките, Parque Central – еден од најпознатите централни места на Хавана – многу познати згради се наоѓаат во вој парк, опкружени со статуи и патеки,  Restaurant / Bar  Floridita и Bodeguito del Medio  - познат ресторан / бар во Хавана, познате меѓу туристите како боемско место на многу уметници како Салвадор Алиенде и Пабло Неруда. Овој бар го носи епитетот како родно место на коктелот Mojito,  кој се подготвува тука уште од времето на неговото отворање во 1942 год.…

На крај на турата ќе добиете корисни совети за самостојно да ја истражите Хавана.

Можност да го продолжите разгледот со панорамска класична кола и да го посетите модерниот дел на Хавана.

 

Ден 3  – ХАВАНА

Слободни денови за престој во Хавана

 

Ден 4 – ХАВАНА

Слободни денови за престој во Хавана

 

Ден 5 - ХАВАНА

Слободни денови за престој во Хавана

 

Предлог – Посета на  плажа  -  *Visit Playas del Este (Beach)

                -  Посета на фабрика и плантажа за тутун

                -  *Tropicana Cabaret Show

 

Ден 6  -  ХАВАНА - ВАРАДЕРО

Појадок.  По појадокот организиран трансфер со автомобил на релација Хавана – Варадеро

Пристигнување и сместување во хотел.

Предлог – на пат за Варадеро, посета на турата – по трагите на Ернест Хемингвеј

 

Ден 7 -   ВАРАДЕРО

Слободно време за плажа, сонце и разни активности во хотелот кој нуди услуга – се вклучено

 

Ден 8 ВАРАДЕРО

Слободно време за плажа, сонце и разни активности во хотелот кој нуди услуга – се вклучено

 

Ден 9ВАРАДЕРО

Слободно време за плажа, сонце и разни активности во хотелот кој нуди услуга – се вклучено

Предлог – посета на   Cayo blanco – една од најполупарните екскурзии во Куба

 

Ден 10 -   ВАРАДЕРО – ХАВАНА ХОТЕЛ

Појадок. Слободно време за плажа до трансферот за Хавана.

Пристигнување во хотел во Хавана. Слободно време. Ноќевање.

 

Ден 11 -   ХАВАНА - ЗАМИНУВАЊЕ

Организиран трансфер до аеродром. Лет до Скопје

 

Забелешка

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ

-  Разглед на Хавана и посета на старите квартови заштитени од УНЕСКО

- Пробајте ги и купете ги познатите кубански пури

- Посетете го оригиналниот музеј на Хемингвеј во Cojimar

-  Посетете ја “ крокодилската фарма “ во  Guama

-  Замокот Jagua  во  Cienfuegos

- Палатата “ Brunet “ во Тринидад

- Мавзолеумот на Che  во Санта Клара

- Уживајте во кубанската музика во центарот на Хавана и околните улици

- Посетете салса клуб

- Поминете  убав ден на плажа

- Вљубете се во уникатната земја и локалните жители

 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

- Водата во Куба не е за пиење. Се препорачува да пиете само флаширана вода

- Храната во Куба најчесто се состои од грав, ориз, пилешко и свинско месо, но не пропуштајте да го пробате надалеку познатиот кубански сендвич -  направен од свинско месо, шунка,швајцарско сирење, краставички, сенф и сето тоа ставено на кубански леб.

- Бакшишот е повеќе од вообичаен во Куба. Обично изнесува 10 % од цената на услугата.

- Сувенири  кои туристите најчесто ги понесуваат од Куба се - кубански пури, кубански рум и CD-a со кубанска музика

-  Ценкањето е доста популарно во некои области. На пример  рестораните, приватните сместувањa, туристичките автобуси и државните такси компании имаат фиксни цени, но за цените на сите други места може да преговарате, бидејќи од старт цените за туристите се секогаш повисоки. Обично ценкањето е популарно за продажби на отворено и во маркети.

- Валутата во Куба – кубански пезос

 - Куба има збунувачка економија со две паралелни валути -  Cuban Convertile Pesos  CUC  и   Cuban Pesos – CUP,  воведени од страна на бившиот кубански претседател Фидел Кастро, откако ја забранил употребата на американскиот долар. Најдобро е да понесете евра и на аеродром да ги смените во конвертибилни пезоси – CUC. Носењето на долари не е пожелно, бидејќи има неверојатно лош курс.  Банкомати има на територијата на Куба, но не препорачлива нивна употреба.

Куба е еден од најефтините острови во реонот. Денот може да го поминете со 20 – 25 еур на ден ( храна, пијалоци, некој сувенир...

- Интернетот во Куба е контролиран од владата и ако имате среќа да се приклучите ќе биде секако многу спор и скап.

- Струјата во Куба е на 110в. Секако е препорачливо да имате универзален адаптер.

Сподели со пријателите: