* Ве водиме во LES 2 ALPES. Овој живописен, спортски и модерен меѓународен ски-центар е меѓу најголемите и најпознатите во светот. Изграден во 1946 година на некогашните високи пасишта каде се среќаваат северните и јужните Алпи.
* LES 2 ALPES е на висина од 1250-3568 м со 220 км беспрекорно подготвени ски патеки. Скијалиштето е познато по своите долги и широки ски патеки за сите категории на скијачи. Од градчето поаѓаат многу гондоли и жичари до кои лесно доаѓате. Градчето го двои скијалиштето на 2 дела: 80% се наоѓа на северна страна и 20% на јужна страна со црвени стази. Стазите кои се најблиску до градот се најтешки а на повисоко има повеќе благи стази.
* LES 2 ALPES е познат и по најтешката црна ски патека Grand Colouire кое почнува на 2813 м и се спушта на 2400 м.Стазата не се средува со Ратраци и е со многу неравна, многу стрмна и со бочен нагиб нат кој има стени сомногу снег. Можност од мали (поголеми) лавини да поминат по патеката.
* ГЛЕЧЕР:Тука е и највисокиот ски глечер во Европа на 3600 м. каде се скија во текот на целата година. Се доаѓа со ски воз кој оди под глечерот На врвот има пештера во која се влегува 10-20 м. во самиот лед. Тука воледот се извајани фигури во размер 1:1 (диносаурус, поларна мечка, пингвини, бисти на познати Французи...)
* Аpress-ski: Местото е омилено помеѓу скијачите, посебно младите, поради својот ноќен живот и познатите apress-ski забави. Забавата почнува во Pano барот на скијалиштето во 15.00, па во 17.00 се сели во градчето, а се завршува во прочуената таверна Smithis или дискотеката Avalanche до утринските часови.
* Ако сте во потрага за незаборавна зимска идила, дишејќи чист воздух и опкружени со прекрасна глетка,
LES 2 ALPES е вистинско место за вас.