+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00

Ве водиме во LES ARC 1800– Гигантот на француските Алпи, ски центар кој бележи многу брз развој и денеска заедно со  La Plagne, спаѓа во комплекс на еден од најголемите ски центри – Paradiski.

 *LES ARC се состои од 5 населби: Bourg Saint Maurice, Arc 1600, Arc 1800, Arc 1950 i Arc 2000

*LES ARC 1800  располага со 200 км ски патеки и е на надморска висина од 1800 м.најпопуларно и најголема ски населба со најбогата Apres Ski  содржина. Многубројни пабови,ресторани, продавници...

*Според истражувањето на World Snowboard Guide, спаѓа меѓу најдобрите snowboard дестинации, секако едно од најдобрите во Франција. Ski IN – Ski OUT.

*Paradiski  (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) располага со 425 км беспрекорно обработени ски/борд патеки на надморска висина од 1200 до 3226 м. за сите категории на скијачи, како и воодушевувачка панорама кон Монт Блан.

Ценовник

FIRST MINUTE ЦЕНИ. ВАЖАТ ДО 30 СЕПТЕМВРИ 2019!

 

“AIGUILLE GRIVE RESIDENCE”   Дуплекс Апартмани  во  LES  ARC 1800

“AIGUILLE GRIVE RESIDENCE” располага со Дуплекс апартмани за 5 или 6лица.  Апартманите се сместени на југозападна или североисточна страна, сите со балкон и прекрасен поглед. Објектот има лифт. Објектот е во квартот Charmettoger. Ski IN – Ski OUT. Од објектот може да се качите на Charmettoger ски лифтот или да се спуштите на гондолите Transarc i Villards.

Центарот на местото е на неколку минути од апартмнаите.

“AIGUILLE GRIVE RESIDENCE”   Дуплекс Апартман за 5 лица, 2 соби   33м2

Дневен претој со тросед  за 1 лицe со отворена кујна во дневен дел, опремена со шпорет, фрижидер, машина за перење садови, тостер, чајник, апарат за филтер кафе, микровална.
Mезанин: 1 спална соба со 1 дупли кревет + одвоен дел со 2 кревети на спрат.
Купатило со ТВЦ , Балкон, ТВ е во мезанинот.
“AIGUILLE GRIVE RESIDENCE”   Дуплекс Апартман за 6 лица, 2 соби   39м2

Дневен претој  со отворена кујна во дневен дел, опремена со шпорет, фрижидер, машина за перење садови, тостер, чајник, апарат за филтер кафе, микровална.
Мала спална соба со 1 дупли кревет (или 2 одвоени кревети) во долниот, дневен  дел.
Mезанин: 1 спална соба со 1 дупли кревет (или 2 одвоени кревети) + одвоен дел со 2 кревети на спрат.
Купатило со ТВЦ , Балкон, ТВ е во дневниот дел.

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/j 

 

Програма на патувањето

Програма:

1 ден-петок, 31.01.2020.  СКОПЈЕ - LES  ARC 1800: Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за  LES  ARC 1800  во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота 01.02.2020. LES  ARC 1800:  Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3–8 ден 02-08.02.2020. LES  ARC 1800: Шест дневно скијање во LES  ARC 1800. Ноќевање.

9. ден-сабота 08.02.2020.LES  ARC 1800-СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

10 ден – недела 09.02.2020. СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.

Забелешка

Во цената е вклучено:

Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LES  ARC 1800– Скопје
7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во LES  ARC 1800
6 дневен скипас за стазите на LES  ARC 1800
Туристички пратител за време на турата

 

Во цената НЕ Е вклучено:

Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 525 ден.
Туристичка такса од 1-2,53 на ден по лице. Се плаќа на лице место.
Paradiski skipas: 30€по особа за 425 км ски патеки. Резервација задолжителна  со пријава и уплата во агенција.

 

Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 10-12€ постелнина и 8- 10€ сет крпи. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 200-460€ по студио/апартман.Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето исклучиво со кредитна картичка. Проверете го студиото/ апартманот при влегувањето и ако има некоја штета, веднаш пријавете и направите записник. Враќањето на средствата е мин. 7 дена после заминувањето и инспекцијата на вашето студио/апартман.  Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку студиото/апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети). Доколку се сомневате дека нешто сте оштетиле, направите записник со локалната агенција и договорете ја штетата. Организаторот може да помогне во средбата но не може да влијае за износот на штетата.

Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето  или ќе се наплати 47 евра.

Влез во објект: 16.00 – 18.00        Напуштање на објект: 08.00 – 10.00

 

Сподели со пријателите:
Ве водиме во LES ARC 1800– Гигантот на француските Алпи, ски центар кој бележи многу брз развој и денеска заедно со  La Plagne, спаѓа во комплекс на еден од најголемите ски центри – Paradiski.

 *LES ARC се состои од 5 населби: Bourg Saint Maurice, Arc 1600, Arc 1800, Arc 1950 i Arc 2000

*LES ARC 1800  располага со 200 км ски патеки и е на надморска висина од 1800 м." data-share-imageurl="">