+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

од 170
***
3
BB
превоз
3

Малме е третиот најголем град во Шведска и „споредниот актер“ во раскошот на северот од Европа. Ако патувате кон Копенхаген, не пропуштајте прошетка низ соседниот град. 

Малме е модерен град со преку 600 илјади жители, кој се простира на површина од над 2.000 километри квадратни. Од неодамна, Малме е прогласен за глобален град, кој претставува регионален економски и образовен центар, со поголем број универзитети и студентски градови.

Помеѓу другите атракции, вреди да се посетат: плоштадите Сторторгет и Лила, црквата „Свети Петар“, Дворецот Малмехус, операта, Градската куќа, но секако треба да се види и знаменитоста по која е препознатлив овој северноевропски град - модерниот облакодер Трнинг Торзо. 

Облакодерот Трнинг Торзо, со извртување од 90 степени, е највисоката зграда во Шведска (190 метри). Се наоѓа на шведската страна од протокот Ересунд. Од врвот има прекрасен поглед на целиот град Малме, како и делумен поглед на Копенхаген.

Галерија

Ценовник

Цена од 170 евра по лице 

Авионски превоз Охрид - Малме - Охрид 

Програма на патувањето

Предлог програма:

1 ден: Присигнување. Индивидуален трансфер до xотел. Препорачуваме: пешачка тура и запознавање со околината, попатно посетувајќи ги надалеку познатата ''Turning Torso'' зградата, црквата Св. Петар, ''Storget'' и ''Lilla torg'' плоштадите, Малмо замокот. Вечера во некој од локалните ресторани кои нудат незаборавен поглед на градското пристаниште .
2 ден: Појадок. Препорачуваме: Еднодневен излет до Копенхаген (45 км.), минувајќи преку најдолгиот висечки мост во Европа (''Øresund Bridge''). Патувањето може да го изведете на тој начин што би изнајмиле возило, би патувале со воз или пак би користеле автобуски превоз. 
3 ден: Појадок. Препорачуваме: посета на Риберсборг плажата, кралскиот парк, или пак шопинг ден по ''Sodergaten'' улицата која покрај шопингот ќе ви понуди и опуштено кафе-уживање. 
4 ден: Појадок. Слободно време. Препорачуваме два часа пред летот да бидете на аеродром.

 

Топ 10 места кои може да ги посетите: 

1. Turning Torso зградата
2. Malmö Stadsbibliotek
3. Stortorget и Lilla torg - плоштадите
4. Кралскиот парк
5. Malmöhus - Замокот
6. Црквата Св.Петар
7. Sodergatan улицата
8. Øresund мостот
9. Риберсборг плажата
10. Пристаништето

Забелешка

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Охрид  - Малме - Охрид 

- Аеродромски такси 

- Хотелско сместување во хотел *** / на база 3 ноќевања со појадок 

* Цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено: 

- Трансфер: Аеродром - Хотел 

- Патничко осигурување 

- Индивидуални трошоци 

Останати опции за превоз: 

- Јавен транспорт од аеродром до градот, од 12 €, по правец (информативно). 

- Приватен трансфер со такси, од 30 €, по правец (информативно).

- Трансфер Малме - Копенхаген - Малме со воз чини 22 евра. 

Сподели со пријателите:
Малме е третиот најголем град во Шведска и „споредниот актер“ во раскошот на северот од Европа. Ако патувате кон Копенхаген, не пропуштајте прошетка низ соседниот град. 

Малме е модерен град со преку 600 илјади жители, кој се простира на површина од над 2." data-share-imageurl="">