08:00 - 20:00
Малта - Неодоливо медитеранско доживување, со прекрасни пристаништа, фасцинантни градби, кристални лагуни и скриени убавини. За сите Вие кои преферирате активен одмор, ова е дестинација која изобилува со атракции, кои совршено ќе го исполнат Вашиот престој.
Мала островска држава, каде Медитеранскиот шарм ќе ги опие Вашите сетила уште од првиот миг. Тука мештаните сеуште се карактеризираат со традиционален дух, од каде произлегува и нивното прочуено гостопримство. Одгледани и растени во витешки манири, секогаш љубено ќе Ве пречекаат и со задоволство ќе Ви препорачаат најдобра плажа, највкусен оброк и најлуда забава.
Валета е главниот град, кој во себе крие цела Крстоносна историја, грандиозни палати, цркви и прекрасни градби кои ќе Ве исполнат со спокој.
Слима, е познато туристичко градче кое изобилува со трговски центри, продавници, ресторани и голем избор на сместувачки капацитети. Место од кое ги поврзува главниот град и Ст Џулианс, поради што е најчест избор на посетителите.
Ст. Џулианс е најмонденското место во Малта. Тука се спојуваат старата архитектура со новите луксузни хотели и градат еден магичен спој на убавина. Брегот е карпест но одлучно уреден и достапен за многу активности. Ст. Џулианс е центар на ноќната забава. Во големиот број дискотеки, ноќни клубови и барови за сечиј вкус, ќе запознаете туристи од сите краеви во светот.
Песочните плажи се распространети на северниот дел од остовот, каде лесно се стигнува со добро организираниот градски сообраќај. Автобускиот превоз, ќе Ве врати неколку генерации наназат, но возењето со прекрасен поглед низ медитеранско окружување, го прави патувањето атрактивно и шармантно.