1 ден:
Наша препорака: започнете од дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Во вечерните часови задолжително посетете некоја од локалните пивници каде што ќе имате можност да дегустирате многубројни баварски пива. Ноќевање
2 ден:
Наша препорака: овој ден посветете го на за посета на двата големи дворца во барокен стил во Нимфенбург и Обершлајсхајм кои сведочат за кралското минато на Баварија. Дворецот Нимфенбург (Schloss Nymphenburg) е 6 км северозападно од центарот на Минхен и опкружен е со прекрасни паркови и зеленило и се смета за една од најубавите кралски резиденции во Европа. Северозападно од него, на околу 2 км се наоѓа дворецот Блутенбург, стара резиденција на војводите со црква од доцниот готски период. Дворецот Фирстенрид , барокен дворец сличен на дворецот Нимфенбург, но значително помал, бил изграден во истото време само во југозападниот дел на Минхен. Вториот по големина барокен дворец е дворецот Шлајсхајм, кој се наоѓа во Обершлајсхајм, периферна населба од градот, и овој комплекс има три посебни резиденции: стариот дворец Шлајсхајм, новиот дворец Шлајсхајм и дворецот Лустхајм. Во вечерните часови не заборавајте да вкусите од баварските бели колбаси… Ноќевање.
3 ден:
Наша препорака: дозволете си слободно време за релаксација во Зеленото срце на Минхен, градскиот парк во близина на центарот на градот со површина од 3,7 км² (поголема од Централ парк во Њујорк), еден од најголемите урбани јавни паркови во светот кој нуди патеки за џогирање и патеки на пешачење. Паркот бил проектиран и изведен од страна на Бенџамин Томпсон, гроф од Румфорд, Американец, и служел како место за работа и задоволство за скитниците и бездомниците. Денес, тој е посебен парк во кој има пивска градина (Biergarten) и кинеска пагода. Ноќевање.
4 ден: Одјавување од хотел. Индивидуален трансфер до аеродром. Два часа пред лет е потребно да бидете на аеродром
*Доколку сте заинтересирани за шопинг во Минхен најдобро е да ги посетите продавниците околу улиците Нухаусерштрасе и Кауфингерштрасе каде може да ги најдете продавниците од сите најпознати светски модни брендови . А пак, најдобрите книжарници и кафе-барови се наоѓаат околу главнот плоштад. Продавниците во Минхен се затворени во недела, додека во сабота работат само на пола работно време. Од понеделник до петок се отворени од 9 предпладне до 18 и 30 часот попладне , со исклучок на оние продавници во туристичките зони кои работат до подоцна . Типични сувенири од овој град и регион се гастрономсите специјалитети како колачињата со ѓумбир, колбасици, пиво, сирење и марципан. Други идеи за подарок се познатите кригли за пиво или производи од порцелан.
**Занимливост: Минхен е градот што го држи светскиот рекорд за град што конзумира најголемо количество на пиво .
вис/ј