+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

од 150
***
3
BB
превоз
1

Париз, градот на светлината… или нешто многу повеќе. Имајќи ја сета своја историја, архитектура, уметност, култура и живот кој плени со својата динамичност и космополитност, како ретко кој град на светот го зазема своето место во срцето на секој негов посетител. Вљубеноста во Париз не е само последица или чувство на некоја уметничка душа која во него ја нашла својата инспирација за дел од своето творештво. Таа вљубеност може да ја почувствува секој намерник кој притиснат од своето секојдневие, во моментите на престој во овој град, ќе се изненади од сета широчина и богатство на видици кои пред него, тој ги отвора… Париз ги напаѓа сите сетила и бара да го видите, чуете, допрете, вкусите, помирисате… Видете ги импресивните споменици и вкусете ги гастрономските волшепства: пикантно француско сирење, чоколаден мус,суфле , црвено вино, … Париз е град со широки видици и интимни улици, средени паркови и тивки плоштади. Иако е голема метропола, во Париз можете да стигнете од една до друга знаменитост пешки. Париз е неверојатно шаренило од архитектонски стилови, кои ја отсликуваат фасцинантната историја на градот, низ 2.000 години еволуција. Mожеби најмногу ќе ви се допадне готската градба на познатата катедрала Notre Dame, а за оние кои претпочитаат помалку раскош и чисти линии, Триумфалната Капија… Започнете со најдоброто од Париз: шик доживување на познатите Елисејските Полиња (Champs-Elysees)! Од секоја пора на градот извира една карактеристична глетка: импозантната Ајфелова кула, која, секако, е симболот на Париз. Ова колосално здание се издига на панорамата на градот и претставува нераскинлив синоним за Париз, од нејзината изградба во 1889 г. Авантурата наречена запознавање на Париз продолжува со плоштадот Конкорд на кој гордо се издига 3.300 г. стариот обелиск, донесен од Египет; Операта Гарние, едно од главните обележја; плоштадот Вандом, центарот Бобур,прекрасниот уметнички кварт Монмартр со базиликата Sacre Coeur… Домот на Инвалидите- Воениот Музеј, вечното престојуваиште на Наполеон, прекрасната глетка на Ајфеловата Кула од Трокадеро и неговите музеи, мостот Aлександар Трети … Од овие фасцинантни глетки здивнете со француски кроасан во некој шармантен ресторан, а потоа романтична прошетка покрај мостовите на Сена, секој со своја приказна…Версај била кралска палата на Франција нешто повеќе од еден век, од 1682 до 1789, кога почнала Француската револуција. Кралот Луи 13 изградил ловечко засолниште надвор од Париз во 1624. Оваа мала структура станала база врз која се изградила една од најскапоцените и најекстравагантните згради на светот. Била наменета да биде дом за Луи 14, Кралот на сонцето. Преку 37000 акри земја биле изчистени за да се направи место за терасите, променадите, место за илјадници растенија и цвеќиња. Имало 1400 фонтани и 400 скулптури. Во 1676 палатата била зголемена и била додадена салата на огледалата како и северно и јужно крило. Низ вековите повеќе пати била преуредувана под водство на повеќе кралеви. Денеска Версајската палата е француски национален музеј. Зградата е толку голема што само мал дел од неа е отворен за јавноста. Многу од собите се канцеларии кои се користат од страна на државните инстируции на Република Франција.Лувр е еден од најстарите, најголемите и најпознатите уметнички галерии и музеи во светот.Лувр има долга историја на умет-ничко и историско конзервирање. Зградата претходно била кралска резиденција, ја симболизира традиционалната француска архитектура уште од Ренесансата. Во неа се наоѓаат светските најпознати дела на уметноста, како “Мона Лиза” на Леонардо Да Винчи,”Заклетвата на Хоратиј” од Жак Луи Давид, ”Слободата ги води луѓето” од Делакруа… Со 8,6 милиони посетители во 2006, Лувр е најпосетениот музеј во светот. И за крај на вашето патување… Дворците на Лоара, едно од најубавите доживувања што можете да си го подарите себеси е целодневниот излет до долината на реката Лоара. Долината на Лоара, позната како “Градината на Франција”, била омиленото престојувалиште на француските кралеви за време на Ренесансниот период. Во мирното селце тие создале место од нивните соништа. На дворовите на кралевите живееле најпознатите уметници и архитекти од Ренесансата, кои се заслужни за денешниот изглед на замоците во долината. Долината на реката Лоара е позната како Земјата на илјада замоци: не само кралски замоци и ренесансни палати, туку и среднове-ковни тврдини, приватни замоци, Châteaux Hotels, луксузни стари вили, кули, бастиони…  Да споменеме само неколку од прекрасните замоци: Azay le Rideau, Château de Chambord, Chenonceau, Château de Chaumont, Cheverny, Villandry… Со посета на замоците во долината на Лоара, пристигнувате во светот на бајките…

Галерија

Ценовник

ЦЕНА : ОД 150 ЕВРА ( 9.300 МКД) по лице 

Програма на патувањето

Топ 10 места од интерес:

  1. Ајфелова Кула
  2. Триумфална Капија
  3. Лувр
  4. Версај
  5. Катедралата „Notre Dame”
  6. Плоштадот „Concorde”
  7. „Montmartre”
  8. Базиликата „Sacre Coeur”
  9. „Moulin Rouge”
10. „Champs Elysees”

Прошетајте по плоштадот Конкорд, плоштадот Вандом,посетете ја Операта, музејот Лувр, црквата Нотр Дам, Елисејските полиња, Домот на Инвалидите, Ајфеловата Кула, ... Во вечерните часови уживајте во Латинскиот кварт.Посета на најбогатиот музеј во светот – Лувр. Прошетката може да продолжи по Авенијата „Champs Elysees”, Триумфалната Капија, плоштадот Конкорд, Центарот Помпиду, Богородичната црква - Катедралата Нотр Дам.  Вечерта е идеална за прошетка низ уметничкиот кварт Монмартр со посета на базиликата „Sacre Coeur“, а крајот на вечерта издвојте го за Mулен Руж, најпознатото кабаре во светот познато по кан-кан танчерки. Ако пак сакате да поминете помирна вечер, за  Вас е идеално крстарење по Сена на некој од многубројните брод-ресторани.
 Пред заминување препорачуваме посета на Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најзначајните дворци во светот. А за оние кои се вљубеници во забавата, добра идеја е да го посетите забавниот парк Дизниленд, кој се наоѓа на 44 километри од Париз.
 

Забелешка

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Скопје-Париз-Скопје
- Аеродромски такси 
- Хотелско сместување во хотел ***/**, на база 3 ноќевања со појадок

* Цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено:
- Приватен трансфер: aеродром - xотел од 89 €, за автомобил (мах 3лица)
- Трансфер со железница од 12,50 € (информативно)
- Трансфер со автобус во еден правец 39 €
- Трансфер со TAXI 65-95 €, во еден правец (информативно)
- Превоз со метро: 1карта=1,60 €, карнет карта за 10 возења = 11,40 € (информативно) 

Сподели со пријателите:
 градот на светлината… или нешто многу повеќе. Имајќи ја сета своја историја, архитектура, уметност, култура и живот кој плени со својата динамичност и космополитност, како ретко кој град на светот го зазема своето место во срцето на секој негов посетител." data-share-imageurl="">