+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
од 899
***
8
HB
превоз

10.04 - 19.04.2016

10 дена / 8 ноќевања

Галерија

Програма на патувањето

1 ден Поаѓање за Пекинг

Состанок на групата на аеродром. Чекирање и полетување за Пекинг.

2 ден Пекинг

Пристигнување во Пекинг во предпладневните часови. Трансфер и сместување во хотел по 12 сатот. Слободно време за запознавање со градот во придружба на водич.Пекинг е вистински бисер на кинеската култура и главен град на Кина. Втор по големина и најмодерен кинески град и политички, културен и образовен центар на државата. Како основна престолнина на кинеските императори со векови наназат, градот сеуште сведочи за неговото кралско минато со аристократски храмови, паркови и палати. Ноќевање

3 ден Пекинг

Појадок. По појадокот разглед на градот кој започнува од плоштадот Тиананмен. Своето име го добил по Тианамен капијата која ги дели плоштадот и Забранетиот град на север. Поради својата димензија (880 х 500м) ова е најголемиот плоштад на светот. На самата капија има голем портрет на Мао Це Тунг и низ неа се влегува во Забранетиот град, каде некогаш влезот бил дозволен само за кралското семејство, нивни почесни гости и слугите .Тука се наоѓа и најголемиот комплекс на палати во светот од XV век во кои живееле две кралски династии – Минг и Чинг. Градот е поделен на два дела. Јужниот дел или надворешен двор каде кралот ја искажувал својата голема моќ над народот. Тука се наоѓаат три сали: сала на врховна хармонија ( најстара и најголема сала каде се одржувале крунисувањата и кралските прослави на родендени), Сала централна хармонија и сала за зачувување на хармонијата, каде кралот примал посетители. Низ портата на рајска чистота се влегува во северниот дел на Забранетиот град, каде живеел кралот со своето семејство. Сите објекти се под заштита на UNESCO. Разгледот продолжува во паркот Јингшан каде се наоѓа вештачки рид на висина од 45 метри од кој се гледа Забранетиот град. Потоа посета на Небесниот храм, кој представува една од најспектакуларните атракции во Пекинг. Целиот комплекс, заедно со големиот парк, е двојно поголем од Забранетиот град. Ручек во локален кинески ресторан. Враќање во хотел и ноќевање.

4 ден Пекинг

Појадок. Целодневен излет до еден од најимпресивните споменици во светот и симбол за цела Кина, Големиот Кинески Ѕид. Градба која својата импозантност ја добивала низ неколку илјади години, според последните мерења има должина од 8880 км и претставува најголема градба во светот. Се простира од источниот дел на Кина, па се до западниот брег. Од 2007 година се вбројува во седумте светски чуда. Посета на гробницата на династијата Минг и Светиот пат. Ручек во локален кинески ресторан. Враќање во хотел и ноќевање.

5 ден Пекинг - Стар Пекинг

Појадок. Слободен ден за индивидуално разгледување на градот или факултативен излет до стариот дел на градот. Стариот дел на градот е ипреплетен со бројни тесни улици кои – хутонг. Посета на храмот Лама – палата на мир и хармонија еден од најголемите и најзначајните тибетанско будистички манастири во светот. Ручек во локален кинески ресторан. Ноќевање

6 ден Пекинг – Шангај

Појадок. Трансфер на железничката станица. Патување со експресен воз до Шангај ( приближно пет и пол часа). Пристигнување во Шангај најголемиот град во Кина кој се наоѓа на брегот на реката Хуанг пу во близина на сливот на реката Јангце. Шангај е денес најголем трговско и финансиски центар на Кина. Град со најголем пораст на населението, каде во последните 20 години нивниот број е тројно зголемен и според некои последни податоци брои повеќе од 23 милиони жители. Денес Шангај претставува комбинација од наследеното морско пристаниште од минатот и импресивни градби на 21 век во облик на облакодери, луксузни хотели и големи шопинг центри. Тоа е фантастичен брзорастечки град каде се спојуваат и се состануваат Исток и Запад. Град на иднината со најголем економски пораст. Во западниот дел на градот Бунду се наоѓаат згради со ограничена висина, кои сведочат за историјата на градот, изградени во различни стиолов (готика, ренесанса, барок...). Во внатрешноста на градот започнува најпознатата улица во Шангај- Нанјинг, преполна со продавници од најразлични светски брендови, позната по големите неонски реклами. На источната страна на реката се наоѓа Пудонг, кој се карактеризира со високи и модерни згради. Ручек во локален кинески ресторан. Ноќевање

7 ден Шангај

Појадок. Во самиот центар на возбудливиот Шангај, се наоѓаат прекрасни градини кои се вистински контраст на големиот и бучен град и права оаза на мир. Градините Yu Yuan ( во превод градини на задоволството) се едни од најубавите во Кина. Улиците се полни со луѓе, продавници и прекрасни кинески куќички чија архитектура плени. Градините потекнуваат од 16 век, а за посетителите се отворени од 1961. На површина од 20.000 квадратни метри се сместиле голем број павилјони, езера, рибници, егзотични карпи, стари украсни дрвца и прекрасни цвеќиња. Градините се поделени на 4 тематски зони. Една од најпознатите е карпата змеј – прекрасна карпа висока повеќе од 3 метри. Мошне интересно е тоа дека на карпата има 72 отвори и доколку запалите миризливо стапче под карпата, чадот како со магија излегува низ сите 72 отвори. Доколку на врвот се полие со вода, водата се слева во сите отвори и се прави неверојатна глетка. Ручек во локален кинески ресторан. Ноќевање.

8 ден Шангај - Вузен

Појадок. По појадокот слободен ден или можност за факултативен целодневен излет за Вузен. Стар воде град на реката Јангце, кој се наоѓа во центарот на златниот триаголник кој го формираат Шангај, Хандџоуа и Суджоуа. Град кој е 1300 години стар и денес е заштитен од UNESCO. Од своето настанување, никогаш не го менувал името, локацијата и начинот на живеење. Традиционалните згради се недопрени и по стотина години различни атмосферски влијанија и ја задржале убавината и белегот се до денес. Ручек во локален ресторан. Враќање во хотел и ноќевање.

9 ден Шангај

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и разглед на градот. Ноќевање

10 ден Шангај - Скопје

По појадокот. Трансфер до аеродром. Чекирање и полетување за Скопје. 

Забелешка

Цената вклучува:

  •  * авионски превоз

  •  * трансфери според програмата

  •  * Хотелско сместување во хотели со три ѕвезди во двокреветни соби на база 4 ноќевања со појадок во Пекинг ( шведска маса) и 4 ноќевања со појадок во Шангај ( шведска маса),

  •  * ручек во кинески ресторан 3,4,5,6 и 7 ден

  •  * разгледи според програмата со вклучени влезници

  •  * организација на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  •  * аеродромски такси (442 евра) кои се подлежни на промени

  •  * трошоци за виза

  •  * бакшиш за персоналот во хотелите

  •  * факултативни излети

  •  * патничко осигурување

 

Цена за факултатива:

  •  * Целодневен разглед на Стар Пекинг – 65 евра. Цената вклучува трансфери, водич и ручек)

  •  * Целодневен факултативен излет Вузен – 95 евра. Цената вклучува автобуски превоз, ручек и водич)

 

НАПОМЕНА:

За реализација на патувањето се потребни минимален 25 пријавени патници.

 

Сподели со пријателите:
10.04 - 19.04.2016

10 дена / 8 ноќевања

." data-share-imageurl="">