+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

од 990
****
9
BB
превоз
5

МАЛДИВИ 

Кога ке речете ,,Сакам одмор од рајот ,,се мисли на патување во Малдиви.Идеална убавина,кристално чисти лагуни,плажи со ситен бел песок во комбинација со величествен поглед на океанот и природата.Оваа островска земја е вистински рај и најпривлечна дестинација.

Малдиви е азиска островска земја во Индискиот океан,составена од 1200 острови на 26 атоли и е пресечена од еквадорската линија.Така да кога ке одлучите на кој остров ке е вашиот одмор може да бирате и во кое годишно време ке одмарате.Малдиви се наоѓа јужно од Индија и Шри Ланка и со својот облик изгледа како бисерна огрлица на сред океан.Атол значи корален остров настанат со ерупција на вулкан во некое далечно време.Коралниот гребен кој го опкружува атолот не дозволува влегување на големи грабливци во лагуната така да сте заштитени во тиркизниот рај.Може да се дружите со големите шарени јата од тропски риби,мали морски ракови и ражи.

Малдиви со своите 1200 острови зафаќа површина од 90.000 км2.од кои 200 острови се населени со локалното население,а околу 100 од нив се претворени во приватни ресорти.
Малдивските острови се фасцинантни со бели песочни плажи и чисто светла морска вода во лагуната .Ова се корални острови ,многу од нив се со мека ситна песок,додека на некои од островите се камчести и има корали така што е тешко да се движите боси.Скоро сите острови имаат делови со ситна псеок.Ресортите се во главно подигнати на оние острови каде што има убави плажи и богат подводен свет.

Главниот град на Малдиви е Мале.Се наоѓа во ценатрот на бисерната огрлица .Сите атоли јужно од Мале припаѓаат на групата South Atolls,додека тие што се северно припаѓаат во групата North Atholls.Во градот Мале живее скоро половина од жителите од Малдиви,кој не е привлечен за туристи.Тоа е сама административен центар без плажи.

Главниот аеродром е VELANA INTERNATIONAL кој се наоѓа на остров веднаш до главниот град .Бродовите помеѓу аеродромот и Мале оперираат на неколку минути од 5 часот наутро па се до полноќ и повратната карта е околу 10 долари.На аеродромот слетуваат сите летови од Европа,па од таму со трансфери се оди до одбраниот ресорт.На Малдиви има уште дестина локални аеродроми и доколку вашиот ресорт е оддалечен од Мале,ке летате со посебни авиони до нив и потоа со брод до бараниот ресорт.

КЛИМА ВО МАЛДИВИ

Сите се прашуваат кога е најдобро да се патува,кој е најубавиот период од годината за Малдиви,дали ке врне,дали ке биде доволно сончево,дали е водата доволно топла,кога е сезона за патување,во кое годишно време да се патува ....

Она што е најбитно да се знае:може да патувате,летувате,одмарате и уживате на Малдиви во текот на целата година.Може да уживате на Малдиви  и во зима и на пролет и во текот на летото и есента.Водата во океанот е подеднакво топла во текот на целата година, температурата на воздухот е до 30 степени во текот на денот секој месец.Она што е променливо се облаците и дождот.Климата во Малдиви е монсумска.Поради оддалеченоста од 800 км од северот до југот ,како и екваторот кој поминува низ земјата,временските услови варираат според локацијата на архипелагот.Временските услови се толку променливи што да во ист период доколку сте сместени во хотел The Sun Siyam Iru Fushi 5* може да имате 7 совршено сончеви денови,а додека вашите пријатели во Meeru Island Resort 4* може секојдневно да имаат променливо време со дождови и облаци.Меѓутоа може подеднакво убаво да си поминете ,затоа што убавината на Малдиви и волшебната убавина на лагуната неможе да се расипе од дождот или облаците.

*Времето на Малдиви е променливо,облаците,кратките дождови и сончевите периоди константно се менуваат во текот на денот.
*Февруари и март имаат најмалку услови за дожд.Зимскиот монсун дува од јануари до април и во тие четири месеци статистички се најсончеви.
*Јуни има најмалку сончеви сати
*Во ноември и декември повеќе сончеви денови има на Северниот Атол
*Во јуни и јули помалку дождови има на Јужниот атол и островите во близина на Мале.
Оваа статистика незначи дека е точна.Може во некои острови да врне и биде облачно во февруари,а може во јуни да биде сончево целиот ваш одмор.Зборот кој ја опишува климата во Малдиви е- ПРОМЕНЛИВА.Кога на Малдиви врне,тоа не е досаден ноемвриски дожд,тоа се кратки врнежи.Облаците постојано се менуваат и може да ви биде и сончево и облачно.
Било кое време е правото време за патување во Малдиви.

МАЛДИВИ ТРАНСФЕРИ

Слетувате на главниот аеродром VELANA INTERNATIONAL кој се наоѓа на помал остров до Мале.Трансферите до Вашиот хотел/ресорт може да биде:

*БРЗ БРОД -овој тип трансфер најчесто е за хотелите кои се во близина на Мале и најдолго може да се патува 55 мин.На самиот аеродром има пристаниште со бродови и од таму заминувате за вашите хотели.

*ЛОКАЛЕН ЛЕТ И БРОД
Хотелите кои се далеку од Мале,а се наоѓаат во близина на локалните аеродроми се идеални за овој тип на трансфер.Кога ке слетате на Мале и го земете важиот багаж,одите на терминал за локални летови.Кога ке стигнете на одредиштето ,ке ве пречека брод од Вашиот хотел кој ке ве однесе до хотелот.

*ХИДРОАВИОН
Хидроавионот е авион со 12 седишта кој полетува и слетува на вода.Иако изгледа застрашувачко,всушност слетувањето e глатко,а полетувањето пријатно и стабилно.Тој е најскапиот трансфер ,затоа што цената за повратна карта со хидроавион е околу 500 усд по лице.

 

МАЛДИВИ ХОТЕЛИ

Хотелот во кој ке бидете сместени е од клучна важност за тоа како ке го доживеете Малдиви.Постојат два вида на хотелско сместување:

*На островот каде е локалното население има хотели-хотелски згради или куќи со соби за сместување,кои имаат мали сопствени плажи каде може да се капат и жени.Во овие хотели  е забрането точење на алкохолни пијалоци.

*Ресорти на приватни острови,каде целиот остров е хотел,со бунгалови и вили како тип на сместување кои се на плажата или на море.Ресортите се интернационални и се служат скакви пијалоци и храни.

Доколку сакате да ги запознаете локалните обичаии и секојдневниот живот на мештаните.хотелот на населените острови е идеален за Вас.Тоа се мали острови од 2 до 6 км должина,каде живеат по дестина жители кои се бават со риболов или продажба на сувенири.Со оглед на тоа дека Малдиви е  исламска земја,капењето е ограничено на помал дел од хотелските приватни плажи,додека служењето на алкохол е строго забрането на островот.Пансиони и приватно сместување има многу најмногу на сотровите околу Мале и тоа е најекономично сместување.

Ресеортите на приватни острови се нешто друго.Тоа е она по што е препознатливо Малдиви,тоа што го прават рај на земјата.Еден остров може да бидеод 150 метри до 1,5 км песок,бунгалови и вили растурени по плажата или изгредани над водата,неколку хотелски ресторани и  барови,совршена природа,приватност и квалитетна услуга-се тоа ги одликува овие хотели.Чувството е совршено и неповторливо,затоа што може уживате во потполна интима во своите вили,да шетате босоноги и во костими за капење по целиот остров,имајќи чувство дека сте современ Робинзон Крусо,само опкружени со луксуз.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОСТРОВОТ

Повеќето туристи кои за прв пат патуваат на Малдиви не сваќаат дека секој ресорт зафаќа едено цело острово,кој има единствен географски облик и величина.Тоа значи дека објектите и поволностите кои се на располагање на островот ,а посебно рестораните се едниствените на кои ке имате пристап во текот на вашиот одмор.Затоа одберете ресорт во кои ке го имате тоа што ви е потребно.На пример,ако сакате да нуркате и што повеќе да уживате во посматрањето на возбудлиовиот подводен свет,проверете дали гребенот е доволно блиску да отпливате до него.Ова е важно ако сте љубител на морскиот свет и нуркањето-вашата омилена активност на плажа.
Некои хотели имаат мирни,кристално чисти лагуни кои се совршени за пливање и едрење на даски,но кои се подалеку од гребените до кои се стигнува со брод за кој е потребно да се плати допоплнително.Доколку сте љубител на беспрекорно чистиот океан,поглед во тиркизните лагуни,ситниот песок во вода ,тогаш направите избор на ресорт кој е оддалечен од гребенот и каде нема корали. 

Галерија

Ценовник

цена по лице за 7 ноќи + повратен авиобилет + аеродромски такси 

 

Fuana Inn Hotel 3*

сместување во двокреветна соба                                        995 eur со доручек 

 

Canareef Resort 4*     

сместување во двокреветна соба                                      1090 eur  со доручек

 

Whiteshell Island Hotel - Spa  3* 

сместување во двокреветна соба со поглед на море             1213 eur  полн пансион 

 

Holiday Island Resort Hotel 4* 

сместување во супериор бунгалов на плажа                         1409 eur  полн пансион 

 

Holiday Inn Kandooma Maldives 4* 

сместување во двокреветна соба со поглед на море              1570 eur без оброци 

 

Sun Island Resort Hotel  5*

сместување во супериор бунгалов на плажа                         1545 eur полн пансион 

 

Filitheyo Island Resort 4* 

сместување во супериор вила                                              1710 eur полупансион

 

Kihaad Maldives Hotel  5*

сместување во вила на плажа                                              1760 eur  се вклучено 

 

Palm Beach Resort - Spa Hotel 5*

сместување во двокреветна соба                                         1999 eur се вклучено  

 

 

Цените се дадени во евра. Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.

За сите тековни попусти и промоции, пратете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

 

Програма на патувањето

Скопје - Мале - Скопје 
Чекирање на аеродром во Скопје , два часа пред летот. Полетување од Скопје во најавеното време, лет со конекција до Мале.
     

                                                                
Пристигнување во Мале. Трансфер до избраниот хотел со глисер или хидроавион. Сместување во хотел. Ноќевање.  

7 дневен престој во Малдиви со можност за дополнителни факултативни излети или индивидуални активности, одмор и релаксација, уживање во  кристалните  води на океанот, белите песочни плажи,  богат подводен свет.

Малдиви е идеален избор за романтични патувања,  како свадбен пат, подарок патување или прослава на годишнини.

Каква и да е Вашата приказна, на Малдиви со сигурност ќе најдете тиркизни лагуни, егзотични пејзажи и топла љубезност на локалното население, кој ќе Ви овозможат  незаборавен престој

  
Последниот ден, по одјавување од хотел, трансфер до аеродромот во Мале, каде се чекирате на лет за патување до Скопје 

 

Забелешка

Цената вклучува :

- повратен авиобилет до Мале 

-  аеродромски такси 

- хотелско сместување за 7 ноќи 

- трансфер до хотел 

 

Цената не вклучува: 

-патничко осигурување

- индивидуални трошоци

- такса за Малдиви ( 20-25 долари се плаќаат на аеродром)

 

 

Moжно е плаќање со кредитни картички.

Општите услови на патување се составен дел од програмата.

Сподели со пријателите:
МАЛДИВИ 

Кога ке речете ,,Сакам одмор од рајот ,,се мисли на патување во Малдиви.Идеална убавина,кристално чисти лагуни,плажи со ситен бел песок во комбинација со величествен поглед на океанот и природата.Оваа островска земја е вистински рај и најпривлечна дестинација." data-share-imageurl="">