+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
од 145
***
3
BB
превоз
5

Зарем се потребни посебни зборови да се опише неповторливата и бескрајно романтична Италија...Без разлика дали сте љубител на уметноста и архитектурата или сте голем гурман и ве привлекува вкусот на пицата или надалеку познатиот италијански сладолед ... или едноставно сакате бесцелно да лутате по тесните улички додека чекорите ви одзвонуваат по старата калдрма а во далечината го слушате звукот на осамена виолина, кој допира од некој од многубројните специфични италијански ресторани ... Италија секако ќе ви се допадне...

Рим е “ одбраниот град ” . Бил изграден да владее и да доминира со светот. Таму се е масивно, цврсто  и “ вечно ” . Доволно е само еднаш да стапнете во Рим, во најголемиот музеј на отворено и да ви се одземе здивот.

Рим (италијански Roma ) е главен град на Италија и посебна општина во Италија, позната како Comune di Roma, како  и главен град на областа Лацио. Се наоѓа во централно западниот дел на Италијанскиот Полуостров, на самата река Тибар. Со своите 2,877,215 жители  и распространет на 1,285.3 км²  Рим е најголемиот и најнаселениот град и четврти по број на жители град во рамките на Европската Унија. .

Рим е уникатен бидејќи во неговите рамки постои независна држава - Ватикан. Ватикан е енклава на Рим и во неа се наоѓа “Светата Столица”, којашто претставува врховна влада на Римокатоличката црква..

Галерија

Ценовник

Цена од 110 еур, по лице

 

Во цената на пакетот е вклучено: 
-Авионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје/
-Аеродромски такси. 

- Едно парче раченбагаж со димензии 55х40х23см

( летови секој четврток и недела )

Скопје – Рим 13:15 – 15: 00
Рим – Скопје  15:30 – 17:05

-Хотелско сместување во хотел 3* на база 3 BB (ноќевање со појадок).

 

Во цената не е вклучено: 

- Чекиран багаж до 23 кг ( од 1.000,00 мкд, по правец )
- Трансфер  аеродром - хотел - аеродром  - со редовни 'shuttle bus' линии 6€ по лице, по правец (информативно).
- Tакси трансфер  аеродром – хотел - аеродром  60€, по правец (информативно).

 - Индивидуални трошоци

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

*цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата и хотелите

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот аранжман,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

 

б.ф. / 22.11

Програма на патувањето

Предлог програма:
 

1 ден Пристигнување во Рим. Прошетка по центарот на Рим - Виа Венето – најелегантната и најскапата улица во Рим, која ја доби својата светска слава по прикажувањето на филмот “ Dolce vita”, Шпанскиte скали – најпознатите скали во светот, центарот на Рим, зборно место за состанување, особено убаво украсено во мај со цветни аранжмани од двете страни., Piazza del Popolo – плоштад со грандиозен обелиск на средината и двете цркви близначки., Виа дел Корсо – најпознатата улица за шопинг , Фонтана ди Треви – не пропуштајте ја можноста да фрлите паричка и да ја замислите вашата желба,Пантеон – храмот на сите божества, Piazza Venezia – величенствена палата Venezia, со гробот на незнаениот јунак и споменикот на кралот Vittorio Emanuele II.

2 ден  Посета на Ватикан: Држава во градот Рим, најмалата држава со најголемата црква на светот – базиликата Св. Петар. Разглед на црквата -  не пропуштајте да се искачите на куполата на црквата Св. Петар од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Рим. Посетете ги Ватиканските музеи – еден од најголемите комплекси на музеи со познатата Сикстинската капела. По разгледот прошетка до Замокот на Ангелите – некогашен мавзолеј на римскиот цар Хадријан и преку мостот на Ангелите пристигнување до Piazza Navona позната и како уметничка четврт на Рим. Убава можност за краток одмор и уживање во вкусот на италијанското кафе..

3 ден Можност за прошетка низ Рим со метро, автобус или пеш и посета на црквите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, Колосеумот, посета на црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил.

Вечерта искористете ја за прошетка до Трастевере – боемска четврт со традиционални ресторани.

4 ден Слободно време за шопинг до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

 

Предлог 10 места од интерес:

  1. Ватикан и Ватиканските музеи
  2. Шпанските Скали
  3. Фонтана Ди Треви и Виа дел Корсо
  4.  „Pizza Navona” и „Piazza Campo dei Fiori”
  5.  „Pizza Del Popolo”
  6.   Piazza Venezia 
  7.   Замокот на Ангелите
  8.   Колосеумот и Базиликата Св. Климент 
  9.   Римскиот Форум 
  10.   Трастевере
     

Забелешка

- Летови Скопје- Рим - Скопје / секој четврток и недела

  Скопје – Рим 13:15 – 15: 00
  Рим – Скопје  15:30 – 17:05

- Аеродромот е одалечен 16 км и има превоз со воз или автобус на секој 15 мин.

 - Рим ужива во медитеранска клима, со благи и влажни зими, и топли и суви лета. Просечната  годишна температура е над 20 степни во текот на денот и 10  степени во текот на ноќта.

Најстуден месец е јануари со просечна температура од 12 степени во текот на денот и 3 степени во текот на ноќта. Сенжните врнежи се многу ретки.

Најтопли месеци се јули и август со просечна температура од 30 степени во текот на денот и 18 степени во текот на ноќта.

Август е месец кога традиционално италијаните одат на одмор и може да се случи да наидете на затворени продавници и празни улици. Но последните години, се во име на туризмот, полека се менуваат навиките и градот останува отворен во текот на целото лето. 

- Мора да знаете дека кафето во целата Италија има различна цена доколку се седи и доколку се пие со стоење на шанк. Со секое седнување, сите локали имаат свој " coperto" - бакшиш кој е истакнат во сметката.

- Како и сите градови во Италија, така и Рим е познат по своите пазари на отворено. Секој ден може да наидете на подвижен пазар кој секојдневно ја менува својата локација и каде може да најдете најразлични нешта.

- Најдобриот пазар на цвеќа се наоѓа на Campo dei Fiori

- Најдобрата улица за брендиран шопинг е Via del Corso. Но малку поприфатливите цени и брендови и омилената улица за шопинг на локалците е Via Nazionale.

  

Сподели со пријателите: