+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
од 1910
****
7
BB
превоз
5

Rio de Janeirо - тоа се зелени ридови и сино небо, карпести планини и прекрасни заливи, острови и убави плажи.Ова е еден од најнаселените градови во Бразил и во светот, со хотели лоцирани на најпознатиот црно – бел плочник во светот на шеталиштетот Копакабана, Леблон, Ипанема.

Ilha Grande – импресивен остров каде може да го вежбате кој било воден спорт како сурфање на ветер и сурфање со змеј скуба гњурење,скијање на бода и возење на "банана"  За време на крстарењето  може да ги набљудувате многуте зелени острови,  додека чамците пливаат во заливот со неверојатно јасни тиркизни води. Дното е видливо  на  5-7 метри, може да се нурнете од бродот и да го  гледате подводниот свет на егзотични риби.

Paraty – историскиот град  Paraty со своите камени улици и цркви, опкружен со прекрасна околина бил основан 1667 година, а се развил во голем град поради многуте плантажи со шекерна трска. Станал познат бидејќи ја произведува најдобрата “ cachaca “  ( локален јак алкохолен пијалок).  Во 70 тите години кога била изградена железничката пруга  Rio-Santos, Paraty  почнал да биде посетуван од туристи кои доаѓале да се восхитуваат на историскиот град сместен во тропски рај.

Галерија

Ценовник

Rio de Janeiro + Ilha Grande + Paraty еднокреветна соба двокреветна соба трокреветна соба
Copacabana Praia 4* + Pousada Naturalia 4* + Pousada Corsario Paraty 4* 3,430 е 2,200 е 1,910 е
       
Цените се дадени по лице, за пакет аранжман и сместување во наведениот тип на соба    

 

Цената вклучува:

  • Авионски билет, со вклучени аеродромски такси
  • Сместување во хотел 4* , на база ноќевање со појадок
  • Приватна тура Sugarloaf & Corcovado и Paraty
  • Тури и трансфери во Ilha Grande
  • Приватен трансфер во Рио со водич
  • Трансфер -  Paraty, само со шофер
  • Влезници во Corcovado & Sugarloaf

 

Цената не вклучува:

  • Бакшиш и индивидуални трошоци
  • Оброци и пијалоци кои не се спомнати во програмата

 

 

*Сите цени зависат од расположливоста на слободни места и можат да се гарантираат само со направена резервација.

**Цените не важат за време на празници како Божиќ, Нова Година, време на Карневалот

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

 

б.ф./ад

Програма на патувањето

ПРОГРАМА

 

Ден 1: Rio de Janeiro

Добредојдовте во Бразил!

По пристигнувањето на интернационалниот аеродром во  Rio de Janeiro,  ќе Ве чека водич и ќе Ве однесе до вашиот хотел во  Copacabana.

 

Ден  2: Rio de Janeiro

Sugarloaf & Corcovado Mountain

По појадокот планирана е екскурзија до шекерната јама -  Sugar Loaf. Прва станица е планината Urca, со широк поглед и убава панорама, каде може да се освежите во снек барот. На планината ќе имате прекрасен поглед на Рио, плажата Копакабана, заливот, околните планини, островите во океанот, мостот до Niteroi, заливот Guanabara и статуата на Христот на планината Corcovado. После овој величенствен поглед, тргнуваме на прошетка во градот. Пристугнување на станицата, каде еколошки воз ќе не однесе низ џунглата со врвот на планината Corcovado. На двете страни од железницата ќе уживате во спектакуларен поглед на шумата Tijuca, населена со мајмуни и други егзотични животни и птици. На врвот на Corcovado, на надморска висина од 700 метри, гордо стои симболот на Рио – С татуата на Христос Спасителот (висока 38 метри), изградена во 1931 година. Ќе бидете сведок на поглед кој го одзема здивот на самата метропола и нејзината околина – Мостот Niteroi, заливот Guanabara, Ботаничката градина, најголемиот фудбалски стадион во светот - Маракана, шеќерната јама Sugar Loaf и многу повеќе.

 

Ден  3: Rio de Janeiro

Земете утринска или попладневна тура со отворен џип од Рио до дождовната  шума  Tijuca. Четиричасовната  џип турнеа вклучува  лесно едночасовно планинарење,давајќи ви можност да се сретнете со мајмуни, птици, пеперутки и тропска флора. Ќе бидете изненадени од извонредниот контраст на тропската шума, сместена во средината на еден голем град.

Во дождовната шума Tijuca  ќе пешаците по лесна еко патека, кое пешачење трае околу еден час. Нема подобар начин да се доживее живата дождовна шума. Ќе имате можност да направите многу спектакуларни фотографии.

На оваа тура ќе поминете покрај Cachoeira dos Macacos ( водопадот на мајмунот),  да сликате кај Vista Chinesa (кинески поглед), да слушнете за важноста на програматра за пошумување и да научие за важноста на Mata Atlantica ( шумата Atlantic )  - екоситем. Турата истотак ве води покрај Mesa do Imperador ( масата на императорот), Cascatinha ( водопадот Taunay) и Capela Mayrink ( капелата  Mayrink ).

 

Ден 4: Rio de Janeiro –  Ilha Grande

Појадок во хотелот. Трансфер од Рио до Ilha Grande

Од пристаништето Angra dos Reis, со фери се пристигнува со Ilha Grande Islamd. Патот трае околу 1 час.

Пристигнување во хотел во Ilha Grande. Време за релаксација на убавата плажа и можност за откривање на островот со една од многуте факултативни тури.

 

Ден 5: Ilha Grande

Појадок во хотелот. По појадокот излет до Сината Лагуна ("lagoa azul") и околните плажи.

Сината Лагуна е рак со мирна плитка вода со разни нијанси на сино. Лагуната исто така е дом на многу мали шарени риби.

 

Day 6: Ilha Grande – Paraty

Појадок во хотелот.. Уживајте на плажа во последните часови во  Ilha Grande или одете на факултативна тура до плажата Lopes Mendes. Ова е најпознатата плажа на островот и една од најубавите плажи на бразилскиот брег.Три километри долгата  плажа има чист песок и неверојатно чиста вода со многу нијанси на сино. Попладнето повторно со фери предвидено е враќање до главното копно и Angra dos Reis. Од Angra dos Reis патот продолжува до Paraty, каде по пристигнувањето следи пријавување во хотел.

 

Ден 7: Paraty

По обемниот појадок во Pousada,следи 4 часовно возење покрај брегот, водејќи не во свет на тропски острови и плажи со неверојатна убавина. Секако не пропуќтајте ја можноста за пливање во кристално чистите води. По враќањето во Paraty следи слободно попладне и вечер. Слободното време може да го поминете покрај многуте бутици со широк спектар на убави ракотворби и бразилски стилизирани облеки. Може исто така да уживате во куклена претстава на познатиот  "Teatro Contadores de Histórias", отоворен за време на викен и секој ден за време на главната сезона.

 

Ден 8: Paraty – Rio de Janeiro – Враќање дома

Трансфер до интернационалниот аеродром во Rio de Janeiro и лет до дома!

 

КРАЈ НА ПРОГРАМАТА

 

 

 

Сподели со пријателите:
Rio de Janeirо - тоа се зелени ридови и сино небо, карпести планини и прекрасни заливи, острови и убави плажи.Ова е еден од најнаселените градови во Бразил и во светот, со хотели лоцирани на најпознатиот црно – бел плочник во светот на шеталиштетот Копакабана, Леблон, Ипанема." data-share-imageurl="">