+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

од 179
***
4
BB
превоз
3

Стокхолм е главниот град на Шведска, но и најнаселен град на Скандинавскиот полуостров во кој живее 22% од населението во Шведска. Основан во 1250 год. Стокхолм од секогаш бил и е економски, културен и политички центар на Шведска. Неговата локација се простира на 14 острови. Градот е познат по својата убавина и специфичната архитектура, неговата чистота и опкруженоста со вода како и големиот број на паркови. Познат и како Венеција од северот. Шетајќи низ неговите улици или пак пловејќи по неговите канали ќе сретнете од најмодерни достигнувања на архитектурата до барокни зданија во кои ќе може да го испиете првото утринско кафе со единствен поглед на некоја од многуте палати со прекрасни градини од кои ќе ви застане здивот за миг.

Топ 10 места од интерес:

  1. "Gamla Stan" - стариот град
  2. Кралската Палата
  3. Бродскиот музеј Васа
  4. Музејот на отворено "Skansen"
  5. Паркот "Djurgarden"
  6. "Fotografiska"
  7. Градското Собрание
  8. Музејот на современа ументост
  9. Крстарење со брод по Stromma
10. "Sky View" - Панорамски разглед

Галерија

Ценовник

Цена:  од 337 €     Ibis Styles ***

цена: од 340 €     Stockholm Inn Hotel ***

цена: од 370 €     Hansson Hotel ***

 

 

 

Аеродромот во Стокхолм е одалечен на 40 километри северно од центарот на градот. Постојат повеќе опции на трансфер од аеродромот до цeнтарот на Стокхолм. Првата опција е да го изберете дирекниот воз Арланда од аеродромот до самиот центар кој поминува на секои 15 минути . Постои и автобуска линија која тргнува од аеродромот се до централната автобуска станица,Оваа автобуска линија циркулира на секои 10 до 15 минути. Третата опција е трансфер со такси . Напомена: Доколку се одлучите за третата опција важно е да се знае дека цените за трансфер со такси не се регулирани со закон во Швдска и варираат од компанија до компанија. Затоа наша препорака е да ги користите добро познатите такси -фирми како  Такси Стокхолм. Такси 20 и Такси Курир.

 

Програма на патувањето

Предлог програма:

1 ден Препорачуваме: Бесплатна тура низ градот со водич, која почнува од плоштадот Сергел, посета на кралската палата која е една од најголемите во светот која и воедно е официјалната резиденција на Шведскиот Крал и во неа има преку 600 соби. „Sky View“ – претставува модерна атракција која ви овозможува панорамски разглед на градот од 130м надморска височина, посета на стариот град кој воедно е најстариот дел на Стокхолм кој воодушевува со својата архитектура, Катедралата во Стокхолм која датира од 13 век е една од најстарите градби во стариот град.
2 ден Преpoрачуваме : Посета на бродскиот музеј Васа во кој се наоѓаат најсочуваните потонати бродови во светот , Нордскиот музеј, палатата Доротингхолм, куќата на културата... 
3 ден Предложуваме: Посета на Националниот музеј на уметноста, посета на улицата Фјалгатан која нуди спектакуларен поглед на градот, градското собрание...
4 ден Предложуваме: Еден прекрасен начин за да се запознаете со Стокхолм, е 75-минутнопатување со автобус ви овозможува да се запознаете со познати места и згради и да уживате во фантастичните погледи. Купете билет во киоскот на Густав Ādolfs torg...
5 ден Слободно време за шопинг до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

* За оние кои сакаат да го запознаат Стокхолм на поинаков начин, одличен избор е да се оди  на крстарење . Изберете пократка тура низ градксите канали за да го разгледате самиот град, или подолга за да го разгледате целиот регион околу градот каде ќе може да уживате во прекрасната глетка на вториот најголем архипелаг во Шведкса , составен од 30 000 мали островчиња. По крстарњето не пропуштајте да уживате во шведскиот ритуал на пиење кафе наречен Фика, кој се состои од кафе пропратено со торта или колач, меѓу кои најпознат е традиционалниот колач со цимет . Исто така за љубителите на традиционална храна и пијалоци, препорачуваме да го пробаат традиционалниот шведски чај наречен Типси, кој всушност е чај збогатен со џин. За ручек или вечера наша препорака е да го пробате традиционалното шведско ќофте направено од дивеч ,гарнирано со пире и сос од црвени овошја.

вис/ј

 

Забелешка

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Скопје - Стокхолм - Скопје
- Аеродромски такси 
- Хотелско сместување во хотел *** / 4BB

Летови: петок и понеделник 
* цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Трансфер: aеродром - хотел, со градска железница 19 € (информативно)
- Трансфер со ТAXI = 170 € за две лица, во еден правец (информативно)
- Приватен трансфер: aеродром–xотел 150 €, во еден правец (информативно)

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

Сподели со пријателите:
Стокхолм е главниот град на Шведска, но и најнаселен град на Скандинавскиот полуостров во кој живее 22% од населението во Шведска. Основан во 1250 год. Стокхолм од секогаш бил и е економски, културен и политички центар на Шведска. Неговата локација се простира на 14 острови." data-share-imageurl="">