Програма на патување
1 ден Скопје – Белград – Абудаби
Состанок на групата на аеродром во раните утрински часови. Полетување за Белград. Освежување и ужина за време на летот. Слетување во Белград и полетување за Абу Даби. Оброк за време на летот. Слетување во Абу Даби во 20:20 часот. Патувањето за Бангкок продолжува во 21:30 часот. Оброк за време на летот
2 ден Абу Даби – Бангкок
Слетување на аеродром во Бангкок во утринските часови. По завршување на аеродромските формалности, трансфер до хотел. Сместување во хотел и слободно време за индивидуални активности и одмор од патувањето. Ноќевање
3 ден Бангкок
Појадок. По појадокот целодневен панорамски разглед на престолнината на Тајланд. Со своите златни храмови и живописни канали, Бангкок е единствен и уникатен во светот. Основан е на бреговите на реката Чаопраје и има повеќе од 400 храмови 10 милиони жители, три милиони автомобили, неколку милиони улични тезги и многу дневни и ноќни пазари.Спротивно на тоа се модерните квартови со неколку стотини облакодери и огромни шопинг молови. Град кој неможе да Ве остави рамнодушни. Посета на храмот Голем златен Буда(Wat Traimit) каде има фигура од Буда дешка 5,6 тони обложена со злато и Храмот на Буда во лежечка положба (Wat Pho) . Ручек во локален национален ресторан. Во продолжение на разгледот посета на големата палата, место каде живееле кралевите и каде е поставено најголемото обележје на Тајланд, Буда од жад (Wat Pra Kaew). (формална гардероба). Враќање во хотел и ноќевање.
4. ден Бангкок
Појадок. По појадокот целоднвен излет на пловен пазар. Сто километри југозападно од Бангкок започнува џунглата. По каналите може да се движи само со помош на чамци направени од јако дрво и остри рабови. По брегот на каналите има бројни дрвени куќи изградени на столбови. Секое утро каналите се преполни со чамци со најразлични видови на производи: овошје и зеленчуг, готова храна која се приготвува на лице мсто, сламени шешири, шарени ткаенини, лепези ... Огромен предизвик за туристи од целиот свет. По слободното време низ шаренилото на пазарот, поаѓање со автобус до градината на ружите каде може да се видат прекрасни егзотични цветови. Ручек во ресторан и уживање во музички забавен програм каде што може да се види начинот на живеење на локалното население. Враќање во Бангкок во попладневните часови. Ноќевање. (CENA: € 80).
5 ден Бангкок – Патаја
Појадок. Поаѓање со автобус за Патаја ( 2-3 часа). Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање
6-10 ден Патаја
Појадок. Одмор и слободни активности со можност за организирање на бројни факултативни активности и излети. Ноќевање
11 ден Патаја – Бангкок – Абу Даби
Појадок. Напуштање на собите до 12:00 часот и поаѓање за аеродром во Бангкок. Вечерен лет за Абу Даби. Оброк во текот на летот
12 ден Абу Даби – Белград – Скопје
Слетување на аеродром во Абу Даби околу полноќ. Полетување за Белград со оброци во авион. Пристигнување во Белград во утринските часови. Лет од Белград за Скопје. Ужина и освежување за време на летот. Пристигнување во Скопје во 14:35 минути.