+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

Аланија

Најјужниот град во Турција - Аланија, е богата со тропска вегетација. Според легендите римскиот император Марко Антониј овој убав дел од азискиот брег и го поклонил на царицата на Египет - Клеопатра. Денес, со прекрасните и долги песочни плажи, историските знаменитости, бројните рибни ресторани, модерните хотели, барови и објекти за забава, Аланија е повеќе од идеално летувалиште за одмор. Со монументалната убавина на Црвента кула (Кизил Куле), Селџук калето, пештерата Дамлаташ, Фосфорната пештера, Пештерата на заљубените, Алања нуди можност за интересни туристички посети. Според многумина туристи, таа е вистинскиот спој на сонцето, песокот и морето.

 

ЛЕТОВИ - СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК И ПЕТОК  ( почнувајки од 05 јуни 2015)

01. ден         СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА, АЛАЊА, СИДЕ, БЕЛЕК или КЕМЕР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје и предавање на багажот 90 минути пред полетување. Лет за Анталија (според табелата). Пристигнување на аеродромот во Анталија. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до хотелот во крајните дестинации (Анталија или Алања). Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 02. до 07, 10, 11  или 14. ден         АНТАЛИЈА, АЛАЊА, СИДЕ, БЕЛЕК или КЕМЕР
Денови за одмор со престој во хотели (по сопствен избор од каталогот), лоцирани во Анталија, Алања, Сиде, Белек или Кемер. Комуникација со локалните представници на агенцијата за евентуални факултативни излети, анимации и посети.

07,10, 11 или 14. ден         АНТАЛИЈА, АЛАЊА, СИДЕ, БЕЛЕК или КЕМЕР - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција.) Слободно време за индивидуални прошетки до заминување на аеродромот во Анталија во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Лет за Скопје, според табелата. Пристигнување во Скопје.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со авионски чартер лет на релација: Скопје - Анталија - Скопје
- Трансфери во Турција на релација: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во место, хотел и услуга по избор од табелите
- Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродоромски такси: 49€
- Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- За дете од 0 до 2 години не се плаќа и нема седиште во авионот,
- Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување со две возрасни лица

НАПОМЕНИ:
- Цените се изразени во EUR, за уплата во денарска противвредност по пресметковен курс 1€ = 62 мкд
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на T.A.Вис Пој Охрид.

- ЦЕНА НА ПОВРАТЕН АВИО БИЛЕТ : 200 EUR + 49 EUR (авио такси)

ПРЕПОРАЧУВАМЕ:
- Проверете ги сатниците на полетување 24 часа пред објавеното - планирано време на полетување.
- Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.

Понудата во ова издание се однесува на ограничен број места. Организаторот не одговара за евентуални ненамерни грешки настанати при техничката подготовка. Организаторот го задржува правото на промена на цените согласно Општите услови на патување.

 

 

 

 

Pages

*****
7
UAI
превоз
од 558
*****
7
ALL
превоз
од 765
*****
7
UAI
превоз
од 745
*****
7
UAI
превоз
од 726
*****
7
UAI
превоз
од 519
****
7
UAI
превоз
од 488
*****
6
UAI
превоз