+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
4

На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy.

Центарот ги вклучува скијачките ресорти Val d’Isèreи Tignes, а оваа година Ви е достапен преку нашиот февруарски ски аранжман .

Сместувањето е во градчето Tignes, a самиот град е поделен на две населби Le Lac и Lavachet. Сместувачките капацитети се на само неколку метри од ски терените. 
Центарот располага со над 300км обработен терен или вкупно 154 ски стази и тоа: 20 зелени, 67 сини, 41 црвена и 26 црни, како и додатни 44км за cross country skiing. Ваквата конфигурација го прави L’Espace Killy идеален за секое ниво на скијачи/бордери, без разлика дали сте почетник, рекреативец или напреден скијач/бордер. Терените се протегаат во опсег од 1550м до 3456м надморска височина, а добрата поврзаност на стазите овозможува непрекинато скијање од огромни дистанци без потреба од конекција со ниту еден од 96те достапни ски лифтови или жичари. Двата глечера Pissaillas Glacier и Grand Motte овозможуваат уживање на скијачките терени дури и во летните денови. 
L’Espace Killy важи за еден од најубавите скијачки центри во светот, а разните содржини што ги нуди (ски паркови, базени, сауни, лизгалиште и сл) како и неповторливите секојдневни забави во познатиот ланец барови La Folie Douce, го прават центарот идеално место за зимски одмор и забава.

Галерија

Ценовник

Студиа / Апартмани :  Val Claret   

Сместувањето е 2-4,3-4, креветни студиа, и 4-5, 5-7, 6-8 креветни апартмани.Апартманите и студијата во понудата се наоѓаат во различни резиденции/згради по должината на целата населба. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различни мебел и содржина. Истите се на самите стази и во близина на Ски лифтовите.Постои бесплатен дневен шатл бус кон Тињ, како и кон Вал Дизер (со доплата).                                                                                                               

СТУДИО за 2 лица,     12-16м2.-  дневна соба со кревет на спуштање, кујна и бања-тоалет.

СТУДИО за 2-4 лица, 16-21м2.- дневна соба со кревет на спуштање+2 кревети на спрат, кујна и бања-тоалет.

СТУДИО за 3-4 лица, 21-26м2.- дневна соба со кревет на спуштање, опремена кујна со прибор, одвоена кабина или на влезниот дел на апартманот кревет на спрат, бања-тоалет.

СТУДИО за 3-4 лица, 26-30м2.- дневна соба со кревет на спуштање, опремена кујна со прибор, одвоена кабина или на влезниот дел на апартманот кревет на спрат, бања-тоалет.

АПАРТМАН 2П за 4-5 лица, 30-35м2.- 2 Простории: дневна соба со кревет на спуштање, опремена кујна со прибор, одвоена спална соба со француски кревет или два одвоени кревети, помала спална соба, или кабина, или два кревети или кревети на спрат на влезниот дел на апартманот, бања и тоалет.

АПАРТМАН 2П за 5-7 лица, 35-45м2.- 2 Простории: дневна соба со кревет на спуштање, опремена кујна со прибор, одвоена спална соба со француски кревет или два одвоени кревети, помала спална соба, или кабина, или два кревети или кревети на спрат на влезниот дел на апартманот, бања и тоалет.

АПАРТМАН 2П за 6-8 лица, 45-55м2.- 2 Простории: дневна соба со кревет на спуштање, опремена кујна со прибор, одвоена спална соба со француски кревет или два одвоени кревети, помала спална соба, или кабина, или два кревети или кревети на спрат на влезниот дел на апартманот, бања и тоалет.

АПАРТМАН 3П за 6-8 лица, 55-65м2.- 3 Простории: дневна соба со кревет на спуштање, опремена кујна со прибор, одвоена спална соба со француски кревет или два одвоени кревети, помала спална соба, или кабина, или два кревети или кревети на спрат на влезниот дел на апартманот, бања и тоалет.

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

vis/j

Програма на патувањето

1 ден-петок, 17.01.2020. СКОПЈЕ- VAL CLARET:Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за VAL CLARET  во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота 18.01.2020. VAL CLARET: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3 – 8 ден 19-24.01.2020. VAL CLARET: Шест дневно скијање во Espace Killy –Tignes и Val d'Iser. Ноќевање

9. ден-сабота 25.01.2020.VAL CLARET-СКОПЈЕ:Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

10 ден – недела 26.01.2020. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Забелешка

 

Во цената е вклучено:

Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – VAL CLARET  – Скопје
7 дневно сместување во: студиa/апартмани воVAL CLARET  
6 дневен скипас за стазите на TIGNES  
Туристички пратител за време на турата

Во цената не е  вклучено:

Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 525 ден.
Туристичка такса од 1-2,53 на ден по лице. Се плаќа на лице место.
Доплата за Ски комплекс Espace Killy, 300 km стази: 30 евра, задолжителна доплата  во агенција
Напомени:

Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 200-400€ по студио/апартман. Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)

Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за чистење на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Апартманите нудат и служба за чистење, чија што услуга дополнително се плаќа на лице место од 50-100 € во зависност од големината на апартманот.

Сподели со пријателите: