+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
4

Сместувањето е во Val Thorens. Алпски рај и еден од најелитните ски центри во југоисточна Франција, со повеќе од 600 километри ски обработен терен. Љубителите на скијањето имаат на располагање 430 стази со 1300 топови. 25те  планински врвови се поврзани со 200 ски лифтови, со надморска височина од 1.300 до 3.250 метри. Цетарот има капацитет од превезување на 300.000 луѓе на час, помеѓу сите осум населби и 13 ски – центри. Тука се и 6-те глечери со надморска височина од над 3.000 метри, а на нив скијачка сезона трае во текот на целата година.   

Ценовник

FIRST MINUTE ЦЕНИ. ВАЖАТ ДО 30 СЕПТЕМВРИ 2019!

 

 

Генерален опис на  Студиата и Апартманите во Val Thorens

Апартманите и студијата во понудата се наоѓаат во различни резиденции/згради по должината на целата населба. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различни мебел и содржина..                                                                                                                   

СТУДИО за 2-3 лица, 20-24 м2.: Еднособно студио-една просторија. Тросед на извлекување за 2 лица, плус 1 единечен лежај доколку се 3 лица. Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

СТУДИО за 4 лица, 24-29 м2: Еднособно студио-една просторија. Тросед на извлекување за 2 лица, плус 2 кревета на спрат на влезот. Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда

СТУДИО со Кабина за 4 лица, 24-29 м2: Еднособно студио-една просторија. Тросед на извлекување за 2 лица, плус 2 кревета на спрат во кабина на влезот. Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.                                                                                                                                     

АПАРТМАН со 1 спална соба, за 4 лица, 24-29 м2: Апартман со 2 простории ( дневен престој + 1 спална).  Кревети на спрат во спална соба. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица  (или 1 двоен кревет). Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

АПАРТМАН со 1 спална соба, за 4 лица, 28-35 м2: Апартман со 2 простории ( дневен престој + кабина-спална). Кревети на спрат во спална соба или 2 одвоени кревети. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица (или 1 двоен кревет). Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, бокал за кафе, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

АПАРТМАН со 1 спална соба и кабина, за 6 лица, 28-35 м2: Апартман со 2 простории ( дневен боравак + спална и кабина).  Кревети на спрат во спална соба или 2 одвоени кревети.На влез кабина со 2 кревети на спрат. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица (или 1 двоен кревет). Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, бокал за кафе, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда

АПАРТМАН со 2 спални соби, за 6 лица, 35-45 м2.: Апартман со 3 простории ( дневен престој +спална+ кабина). Двоен кревет (или 2 единечни) во спална соба. Кревети на спрат во кабина. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица (или 1 двоен кревет). Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, бокал за кафе, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда

АПАРТМАН со 2 спални соби, за 6 лица, 47-60 м2: Апартман со 3 простории ( дневен престој +2 спални соби).  Двоен кревет  во 1 спална соба. Кревети на спрат друга спална соба. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица. Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, бокал за кафе, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/j 

 

 

Програма на патувањето

Програма:

1 ден-петок, 24.01.2020.Скопје-Val Thorens Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за Val Thorens во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота 25.01.2020.Val Thorens: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3–8 ден 26.01-01.02`20.Val Thorens: Шест дневно скијање во Val Thorens/Orelle. Ноќевање

9. ден-сабота 01.02.2020.Val Thorens-Скопје: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

10 ден – недела 02.02.2020.Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

 

Забелешка

Во цената е вклучено:

Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – Val Thorens – Скопје
7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот  во Val Thorens
6 дневен скипас за стазите на Val Thorens/Orelle (150 км стази).
Туристички пратител за време на турата

Во цената НЕ Е вклучено:

Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 525 ден.
Туристичка такса од 1-2,53 на ден по лице. Се плаќа на лице место.
Доплата за 3 Долини ски пас ( 600 км стази ) изнесува 40 евра по лице. Задолжителна предрезервација и плаќање во агенција.

 

 

Напомени:

Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 7-8€ сет крпи. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

 Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 250-400€ по студио/апартман.Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е готовинско или со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)

Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Апартманите нудат и служба за чистење, чија што услуга дополнително се плаќа на лице место (40-70€ во зависност од големината на апартманот).

 

Сподели со пријателите:
Сместувањето е во Val Thorens. Алпски рај и еден од најелитните ски центри во југоисточна Франција, со повеќе од 600 километри ски обработен терен. Љубителите на скијањето имаат на располагање 430 стази со 1300 топови. 25те  планински врвови се поврзани со 200 ски лифтови, со надморска височина од 1." data-share-imageurl="">