08:00 - 20:00
Виена е последниот главен град на деветнаесет вековниот бал. Денеска во Виена постојат околу 200 значајни балови во годината, некои од нив вклучуваат и изведби на околу 9 живи оркестри. Баловите се одржуваат на различни убави палати во Виена, како принципална арена за нив сметајќи се дворецот Хофбург на Хелденплац.
Најголеми туристички атракции во Виена се царските дворци Хофбург и Шенбрун ,во кој е сместена и најстарата зоолошка градина во светот, Тиегартен Шенбрун и панорамата во забавниот парк Пратер од која може да се види целата панорама на градот. Други познати содржини на градот се: Бургтетар, Државната опера на Виена, липицанските коњи и виенскиот машки хор како и екскурзиите до виенскиот хеуригенски округ Дублинг.
Во градот постојат повеќе од 100 уметнички музеи, кои сите заедно привлекуваат околу 8 милиони посетители годишно. Најпопуларни се Албертина, Белведере, Леополдовиот музеј, Уметничкоисторискиот музеј., Природонаучниот музеј и Теничкиот музеј, од кој секој годишно добива околу двестапедесет илјади посетители.
Постојат многу туристички атракции кои се поврзани со композитори кои живееле во Виена, вклучувајќи ги неколкуте резиденции и гробот на Бетовен кој се наоѓа на централните гробишта, најголеми во градот и место каде што почиваат многу познати луѓе. Моцарт има меморијален гроб во Хабзбуршките градини и на гробиштата Св. Маркс. Многуте цркви на Виена привлекуваат големи метежи од кои најпознати се: Катедралата Свети Стефан (или како што уште се нарекува Штефансдом), Језуитската црква, Црквата Свети Чарлс, Црквата Свети Петар, Свети Руперт, Вотивната црква и други.
Денешни атракции кои и припаѓаат на модерната доба се Хундертвасер, зградите Обединетите Нации, како и погледот од Дунавската кула.