Пефки е мирно место сместено на крајниот север на Евиа. Самото име Пефки значи дека местото е опкружено со борова шума која преставува воздушна бања и е идеална за оние кои сакаат природа, чист воздух, кои во комбинација со прекрасното море е право место за вистински одмор. По краткото возење со ферибот од само 25 мин. пристигнувате во Агиокампос, а Пефки е на само 20 км источно од пристаништето. Се работи за мирно и мало место, но со сите потребни содржини за пријатен одмор. Тука се и таверните, маркетите, продавниците, кафетериите, љубезните домаќини… Долж местото се протега камчесто-песочна плажа, со барови со чадори и лежалки, каде што со пијалок можете да ги користете бесплатно. Покрај плажата е поплочено долго шеталиште со голем број ресторани и таверни. Цените тука се поповолни од останатиот дел на Грција. Од Пефки постои можност за поволна посета на Скијатос, па вреди да ја искористите оваа можност и да го збогатите својот одмор.
Вила Анемос А категорија - е прекрасно испланирана градба од најмодерен тип. Се наоѓа на 150 м од море, и е опкружена со борови и маслинки. Вилата нуди двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија, како и четворокреветни и петтокреветни апартмани. Сите единици се опремени со кујна, фрижидер, бања, ТВ, клима уред (ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНА), Wi-FI, прекрасен двор опремен со маси и столици, тревник, како и скара која е на располагање на гостите. Воедно добивате и крпи на користење.
Структура на кревети:
1/2+1 STD = брачен кревет + помошен 1/3 STD= брачен кревет + единечен 1/3+1 STD = брачен кревет+ единечен кревет + помошен кревет
1/4 STD = брачен кревет + 2 единечни кревети 1/4 APT = брачен кревет + 2 единечни кревети (во друга просторија)
1/4+1 APT = брачен кревет + 2 единечни кревети + фотеља на отворање