+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 629
*****
7
UAI
превоз

VON RESORT ELITE

Положба 
Хотелот се наоѓа во областа Colakli, оддалечен 15км од Манавгат и 55км од аеродромот во Анталија. 

Сместување
Вкупен број на соби 180. Стандардни соби 52 (31m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), Супериор соби 67 (36m², една спална соба со брачен кревет и софа, макс. 3 лица), Фамилијарни соби (42m², една спална, едно купатило, макс. 3 лица). Сите соби се со купатило со када, туш и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци и вода), сеф, тепих на подот, сателитска ТВ со музички канали, балкон. Wi-Fi интернет конекција е бесплатна. 

Услуга 
Ултра Се Вклучено – 24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, полноќна супа, пијалоци и ужина во Aqua Park, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сите пијалоци во Диско клуб. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: премиум увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, A’la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, послуга во соба, сите флаширани пијалоци, пијалоци во Irish pub. 

Содржини 
Главен ресторан Safran со шведска маса, A’la Carte ресторани: Kaftan Kebap House – Турска кујна, Vogatore – Италијанска кујна, Beluga - рибен ресторан, Taco Time - Мексиканска кујна, Kaiseki – кујна од Далечниот Исток, Longhorn steak House – Steak ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и поеглање, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во Лоби и во собите е бесплатна. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа, песочна со лежалки, чадоти и пешкири кои се бесплатни. Приватни павиљони на плажа со претходна резервација и доплата. 

Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, голем Аква парк со 11 лизгалки на вода (бесплатен влез за гости на хотелот), фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг. СО ДОПЛАТА: спортови на вода, куглање, билјард, масажа и салон за убавина. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години. 

www.vonhotels.com

Галерија

Ценовник

Контактирајте не за целосна калкулација со наведени датуми на патување.

Сподели со пријателите: