+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 430
*****
7
UAI
превоз
4

WATER SIDE RESORT & SPA 

Положба 
Хотелот се наоѓа во областа Titreyengol, 70км одалечен од аеродромот во Анталија и 7км од Сиде. 

Сместување
Вкупен број на соби 375 во три споени блокови. Стандардни соби (23m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), фамилијарни соби 74 (32m², може да биде дуплекс или две соби една до друга, одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица) и 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима уред, телефон, сеф, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон. 

Услуга 
Ултра Сé Вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, ресторан со шведска маса за деца, ресторан на плажа со ужина, пиво и безалкохолни пијалоци, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторан со претходна,еднаш за време на престојот. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: премиум увозни пијалоци, специјални вина, коктели, луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, собна послуга. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турска кујна, Италијански и рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет ќоше и компјутерски игри, продавници, рент а кар со дополнителна доплата. WI-FI интернет конекција на јавни места е бесплатна. 

Плажа 
Хотелска приватна песочна плажа, на 250 метри од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни. Превоз на релација хотел - плажа - хотел , бесплатна во текот на денот. 

Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени, лизгалки на вода, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа, сауна, соба со пареа и турска бања се бесплатни. Масажа, Wellness & SPA центар и спортови на вода дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот покрај базенот и на плажа, натпревари за возрасни и деца, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04 – 12 години со специјални програми. 

www.watersideresorthotel.com

Галерија

Ценовник

Контактирајте не за целосна калкулација со наведени датуми на патување.

 

Сподели со пријателите: