08:00 - 16:00
08:00 - 16:00
Амстердам – во градот со светски музеи, забавни фестивали, театри, жива музика на плоштадите, барови и вкусни ресторани, никогаш ќе немате недостаток на идеи што би правеле..
“ Прошетајте ” по историјата на Амстердам, влезете во некој од многуте музеи, одморете во некој од парковите или одете на крстосување по каналите.
Цените се подложни на промени во зависност од датум, број на ноќи, лица и избраниот хотел.
Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/х
1 ден – Искористете го денот за запознавање на Амстердам.
Крстосување по каналите.
Амстердам е познат по своите канали, а крстосувањето по каналите, со локален водич е совршен начин да го запознаете градот. Разгледот на градот е најдобар од вода, а може и да забележите неколку места кои би ги посетиле подоцна.
Кога ќе заврши разгледот од вода, обавезно посетете ги трите најпознати плоштади на Амстердам. Централниот плоштад Damm – каде се наоѓа една од Кралските Палати, како и Leidseplein и Rembrandtplein, секој убав и посебен на свој начин.
Холандски ручек
Пробајте нешто типично холандско
- Палачинки - благи или солени подготвени по традиционален холандски рецепт.
- Croquettes или познати како Amsterdammers - разни вкусни пржени закуски.
- Харинга – пробајте ја обична или со кисели краставички и кромид
- Помфрит – нема да згрешите со вкусниот топол помфрит
Музеи и атракции
Поминете го попладнeто во еден од познатите музеи како Madam Tussaud, Rijksmuseum, Van Gogh Museum, Stedelijk Museum или куќата на Ана Франк . Ако патувате со деца тогаш на врвот на Вашата листа треба да бидат Научниот центар – НЕМО и кралската зоолошка градина.
- Вечера и вино
Одморете се од напорниот ден полн со разгледи во некој од баровите и нарачајте коктел или познато холандско пиво или едноставно одберете еден од многубројните ресторани.
2 Ден – Продолжете со разгледот, збогатен со холандската архитектура и култура и секако вклучете шопинг.
Архитектура
Холандската архитектура е многу повеќе од само познатите ветерници. Прошетајте и запознајте се со разни стилови на архитектура, многу функционални и уникатни мостови, неопходни да се премине толку многу вода, како и многу импресивни згради кои датираат од минатото, но денес е пренаменета нивната употреба.
Пауза за ручек
Ако денот е сончев одморете се на некоја од ресторантските тераси. Во спротивно седнете во некое од симпатичните кафулиња и порачајте супа или сендвич.
Попладневен шопинг
Доколку барате нешто за подарок или за себе, секако ќе најдете во некоја од многубројните брендирани продавници или локални мали дуќанчиња.
- De Bijenkorf – Водечка продавница во Амстердам, полна со луксузна роба.
- Negen Straatjes (9 streets) – место полно со стилски бутици од познати и помалку познати брендови.
- Haarlemmerstraat/Haarlemmerdijk Необични бутици и специјиларизирани продавници
- Utreechtstraat - ќе најдете се од разни дизајнирани облеки до најголемата музичка продавница во Амстердам
Холандска или интернационална вечера
За вечера може да одберете локален ресторан , но и многу ресторани со интернационална кујна со кои Амстердам изобилува.
Завршете ја ноќта со музика. Одберете ја во некој од многубројните барови музиката која најмногу ви одговара.
3 ден – Појадок. Поминете опуштен ден во Амстердам. Посетете ги местата кои не сте стигнале претходните два дена.
“ Помирисајте “ ги цвеќата на Амстердам
Не пропуштајте да посетите некој од градините и парковите на Амстердам. Ако престојувате во Амстердам во есен или зима посетете ги тропските оранжерии во Hortus Botanicus . Исто така прекрасна идеја е и пловечкиот цветен пазар, кој може да се посети во секое време од годината
Доколку сакате повеќе да истражувате има прекрасни места одалечени само час со кола или воз од Амстердам. Само неколку предлози, зависно од периодот на престој
- Keukenhof - посетете ја најголемата цветна атракција на отворено, отворена во 2015 год. ( работи од 20 март до 17 мај )
- Традиционален пазар на сирење – во Edam ( од јули до септември ) и во Alkmaar (од март до семтември ).
- Одете на плажа на северното море – посетете ги Bloemendaal, Zandvoort или Wijk aan Zee и забавувајте се на сонце.
- Haarlem или Leiden - историски и живописни гратчиња во кои може да уживате во секое време од годината.
- Националниот парк – Zuid Kennemerland – одете на пешачење низ прекрасниот пејсаж покриен со песок.
- Zaanse Schans - патувајте назад во времето во овој музеј на отворено, преполн со ветерници.
- Marken & Volendam - старомодни рибарски села каде што многу локални жители сѐ уште се облекуваат во традиционален стил
4 ден - Враќање во Македонија
Не пропуштајте - едноставно шетајте низ Амстердам – корисни совети
Отворете ја мапата и “ изгубете” се низ Амстердам
* Canal Ring – позната област во Амстердам која потекнува од 17-от век и го опкружува стариот центар на градот. Целата област е под заштита на Унеско.
* De Pijp – населба во Амстердам, каде многу улици носат имиња на познати холандски сликари.
Изгубете се со часови во овој познат и жив кварт кој изобилува со кафе барови и вкусови на разни кујни. Познат како собиралиште на креативци, студенти и боемски души уште од 60-тите год на минатиот век. Тука се наоѓа и познатиот уличен пазар – Albert Cuypmarkt.
* De Plantage – населба за прошетки, во близина на зоолошката градина која изобилува со богато зеленило и широки улици.
* Jordaan – поранешна населба на работничката класа, трансформирана во област со бутици и шармантни барови.
* Музеите на Амстердам - Madam Tussaud, Rijksmuseum, Van Gogh Museum, Stedelijk Museum или куќата на Ана Франк, куќата на Рембрант .... Ако патувате со деца тогаш на врвот на Вашата листа треба да бидат Научниот центар – НЕМО и кралската зоолошка градина.
* Пазарите на Амстердам - дури и ако не планирате да купувате, пазарите на отворено во Амстердам се празник за сетилата и нудат безброј можности за фотографии. Од органски зеленчук и цвеќиња до антиквитети , пазарите се одличен начин да се добие перспектива на локалниот живот.
* Парковите на Амстердам - Градините и парковите на Амстердам се отворени (и бесплатни) преку целата година, со километри добро чувани патеки и многу простор за пикник. Во летните месеци, Vondelpark поставува театарски настапи на отворено и често ќе наидете на многу фестивали и збиднувања. Немојте да се зачудите ако наидете на концерти на отворено. Во Холандија тоа е вообичаено.
* Јавната библиотека на Амстердам – во близина на централната станица - изобилува со огромен избор на книги и списанија на англиски јазики, но и со многу други бесплатни атракции. Има цел кат наменет за забава на деца , ротирачки уметнички изложби, нделни читања и повремени концерти. Дури и да не сте љубител на читањето вреди да се посети оваа импресивна архитектура, ако не за друго барем за погледот од горниот кат.
* Црвената област - можеби првата работа која на многумина им паѓа на памет кога ќе се спомене Амстердам. Дали ја одобрувате или не сексуалната трговија во Холандија, вреди да се посети и запомнете никако немојте да фотографирате – може да западнете во невоља.
* Кралската палата во Амстердам - се наоѓа во срцето на градот на плоштадот Дам. Тоа е една од трите палати кои се на располагање на монархијата благодарение на Парламентот. Често се користи за кралски настани и официјални приеми и е отворена за јавноста поголем дел од годината.
* Heineken е едно од најпопуларните пива во светот. Искусете го процесот на подготовка денес и низ историјата на пивото Хајнекен и семејството Хајнекен. За дегустација секако мора да имате 18 години.
---------------------------
* Холанѓаните се познати по своите фестивали. Почнуваат од април и траат до јануари, така да секој месец има минимум по еден фестивал - Денот на кралот, Деновите на културното наследство во Амстердам, Националниот ден на ветерници, Викенд на националниот музеј, Фестивал на каналите ... и секако Националниот ден на лалето
* Амстердам има 165 канали во должина од 100 км и има повеќе мостови од Венеција. Венеција има 409 мостови, а Амстердам има 1281 – три пати повеќе.
* Во Холандија има многу луѓе кои живеат во бродови укотвени во каналите, а во такви бродови може да најдете и многу хотели и хостели.
* Холандскиот јазик е доста специфичен, но ако зборувате англиски, комуникацијата нема да ви биде проблем. Во Холандија може и да нема човек кој не зборува англиски.
* Вашето патување во Амстердам нема да биде комплетно ако не го пробате прекрасниот помфрит направен по белгиски рецепт. Да одите во Амстердам и да не го пробате помфритот е исто како да одите во Италија без да го пробате нивниот сладолед – gelato.