+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

од 230
***
3
BB
превоз
4

Нимберг – најдобро чуваната тајна на Германија.

Нимберг – со својата богата историја и култура овој град привлекува посетители во текот на целата година. Без разлика дали барате историски знаменитости, музеи или добро јадење, Нимберг има од се по нешто.

Нимберг е вториот најголем град во Баварија, со над 500.000 жители и неофицијално главниот град на Франконија.Многу нешта се случиле во текот на 1000 годишната историја на овој град, а сведоци за тоа се многубројните историски згради, убавата архитектура и музеи..Овој прекрасен германски град е дом на средновековниот Стар Град и 1000 годишниот стар замок, на познатиот нирмбершки “ bratwurst “ , град каде пивото е црно како црно кафе.

Можеби првото нешто на што ве асоцира овој град се Нимбершките судења од Втората Светска војна, но тоа секако е неправедна етикета за овој бајковит град.

Галерија

Ценовник

Цена од  230 еур, по лице

 

Во цената на пакетот е вклучено: 
-Авионски превоз на релација Скопје – Нимберг – Скопје/
-Аеродромски такси. 

- Едно парче рачен багаж со димензии 55х40х23см

( летови секоја  среда и недела )

Скопје – Нимберг 12:40 – 14: 50
Нимберг  – Скопје  15:20 – 17:25

-Хотелско сместување во хотел 3* на база 3 BB (ноќевање со појадок).

 

Во цената не е вклучено: 

- Чекиран багаж до 23 кг ( од 1.000,00 мкд, по правец )
- Трансфер  аеродром - хотел - аеродром  - со железница ( 12 мин.) 

-  Индивидуални трошоци

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

*цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата и хотелите

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот аранжман,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

 

б.ф. / 09.12 2017

Програма на патувањето

Предлог програма:

1 ден  Пристигнување во Нимберг. Прошетка низ стариот дел на градот.Скоро сите знаменитости се наоѓаат во стариот дел на градот, Стариот кралски замок, цркви, пазари на отворено ...

2 ден  Појадок. По појадокот продолжете го разгледот со посета на музејот – куќата на Албрехт Дирер – одличен уметник на германската ренесанса. Низ куќата ке ве води сопругата на Дирер, секако актерка, која ќе ви го долови животот пред 500 години. Доколку сте љубител на уметноста, посетете го националниот германски музеј – еден од најголемите музеи во Европа, каде се наоѓа  се наоѓа најголемата германска колекција , вклучувајќи повеќе од 1,2 милиони артефакти кои ја прикажуваат регионалната историја на уметност.

Полни со импресии од разгледот, приквечерината не пропуштајте да го посетите најстариот ресторан за  колбаси во светот, кој датира од 1419 година.. Во Zum Gulden Stern, вкусните колбаси се домашно подготвени од локални касапи кои користат традиционални состојки и рецепти, а печени се на буков оган.

3 ден  Слободен ден за прошетка и индивидуални активности. Ако сте љубител на поновата историја, посетете го “Zeppelinfeld”  местото каде се одржувале познатите нацистички митинзи.

4 ден Слободно време за шопинг до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

Забелешка

Не пропуштајте

 

1.    Стариог Град на Нимберг

Поделен со реката Pegnitz, - постојат два дела во Стариот град: северниот дел, Sebaider Altstadt, и јужниот дел, Lorenzer Altstadt.  Најдобар начин да го истражите стариот дел на градот е пеш. Во текот на разгледот ќе ги видите и Кралскиот замок и  Heilig-Geist-Spital – една од најголемите средновековни болници. Сите главни атракции се лоцирани во стариот град. Многу е лесно да се пешачи, само треба да се следи главната улица, позната како Koenigstrasse.. Градот е познат и по своите пазари на отворено, каде се продава буквално се, од овошје и храна до стари лампи, мечови и уметнички слики.Посебно е познат Божиќниот пазар.

2.     Град на нацистички митинзи

За оние кои се заинтересирани за историјата и особено за настаните од Втората светска војна, во 1933 година Нимберг беше прогласен за Град на нацистичките митинзи. Денес можете да ги посетите монументалните згради, арени и патишта, вклучувајќи го и “Zeppelinfeld”, сите изградени како дел од парадата . Документациониот центар дава ужасен увид на настаните од тој период и посетата ја прави емотивна. Отворено е за јавност од понеделник до петок од 09:00 до 18:00 часот, а во сабота и недела  од 10:00 до 18Ч00 часот.

3 Замокот Kaiserburg

Претставувајќи  ја моќта и важноста на Светото римско царство на германската нација, се  од средниот век, овој историски замок дефинитивно вреди да се посети. Од 1050 до 1571 година, замокот бил  дом на сите германски кралеви и императори. Денес 351 метри високата структура доминира како симбол на градот.

4.  Zum Gulden Stern

Нимберг е познат по својот Нимбергер -  печени колбаси со свинско месо. Може да го најдете насекаде во градот, но кој е најдобриот начин да го пробате, освен во најстариот ресторан за колбаси во светот Zum Gulden Stern.  Вкусните колбаси се домашно подготвени од локални касапи кои користат традиционални состојки и рецепти, а печени се на буков оган. Ресторанот кој датира уште од 1419 година, отворен е секој ден од 11 до 22 часот.

5. Frauenkirche

Исто така позната како црквата на нашата дама, римско готската Frauenkirche датира од 1352 и била изградена како империјална кралска капела. Денес стои на главниот пазар  како карактеристичен симбол. Над влезот, можете да видите прекрасен стар часовник со механички фигури, наречен Männleinlaufen. Со својата прекрасна архитектура, ова дефинитивно е нешто што не треба да се пропушти!

6. Куќата на Албрехт Дирер

Една  од најпознатите атракции во Нирнберг е Куќата на Албрехт Дирер - одличен уметник на германската ренесанса, кој живеел во оваа куќа од 1509 до 1528 година. Куќата денес е музеј кој ги презентира сите аспекти на неговиот живот и работа. Низ оваа возбудлива турнеја ке ве води сопругата на Дирер, Агнес (актерка, се разбира) и така ќе добиете увид за животот пред  500 години.

7. Национален германски музеј

Ова е еден од најголемите музеи во Европа. Во него се наоѓа најголемата германска колекција , вклучувајќи повеќе од 1,2 милиони артефакти кои ја прикажуваат регионалната историја на уметност. Музејот првобитно бил основан во 1852 година, но бил  уништен за време на Втората светска војна, па оттука и денешната модерна структура.

 

 

Сподели со пријателите: