+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

од 699
****
5
BB
превоз
5

Дубаи – е дел од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати. И покрај тоа што Абу Даби е главниот град, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати. Нема ништо слично како туризмот во Дубаи, број 1 во арапскиот свет и под листата на „Најубави градови“, Дубаи е град кој не воодушевува со својот луксуз, стил и грандиозност. Од неверојатниот хоризонт до прекрасните плажи, до бескрајните опции за купување и јадење, Дубаи е дестинација како ниедна друга.Карактеристична е пустинска или суптроспка клима, и освен во лето кога температурата може да достигне и до 49 степени, во остатокот од годината ужива исклучително пријатна клима, со температура од 20 - 35 степени. Локална валута е дирхам 1 EUR = (околу) 5 AED. По лансирањето на метрото како јавно превозно средство, Дубаи го добива веројатно најдобриот јавен транспорт на Средниот Исток. Сите возови и станици се климатизирани и интересен е фактот што метрото во Дубаи е првата урбана железница на Арапскиот полуостров. Автобускиот превоз има широко развиена мрежа на 193 утврдени маршути. Низ градот може да се движите и со такси кое е лесно достапно и вози по однапред утврдени идентични цени на сите такси компании. Како релативно нова туристичка дестинација, Дубаи носи одлика на однапред спремен град, во потрагата да ги задоволи апетитите на секој модерен турист. Тоа се должи на фактот што шеикот Мактум, одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи. Дубаи е во главно пустински град со извонредна инфраструктура и атипично во споредба со регионалните стандарди има полиберални правила, заради што станува популарна дестинација и нуди одлични туристички погодности. Близината до европското копно го прават одлична дестинација, дури и за краток престој. Заради квалитетниот животен стандард во последните години градот бележи и највисока стапка на доселеници во светот. Денес, со познатата плажа Џумеира, бројните шопинг центри, традиционалните и автентични арапски пазари, модерните облакодери и луксузните хотели, претставува вистинска туристичка оаза во пустината.

Интересни факти за Дубаи:

1. Во 1999 година кога е отворен познатиот хотел Burj al Arab, беше првиот хотел во светот повисок од 305 метри. Толку е голем што во него може да се смести Статуата на слободата. Дури 39% од хотелот мора да биде отстапен на технологијата заради одржување на температурата. Само во останатите 61% гостите можат да престојуваат. Овде едно ноќевање чини и до 2.000 долари и е изграден на вештачки остров, гостите на располагање имаат лични батлери достапни 24 часа дневно.

2.  Во Дубаи не постојат адреси на улици. Доколку луѓето треба да добијат нешто на домашна адреса, мораат да нацртаат мапа на коверт или да нацртат упатства.

3. Burj Khalifa е највисоката градба во светот и на гостите на врвот им овозможува температура и до 15 степени пониска во однос на приземјето. Таа температурна разлика може да ја почувствувате само ако отпатувате од Дубаи во Лондон, во април. Кај луѓето на највисоките катови сонцето заоѓа покасна. 

4. Вкупното богатство на четирите милијардери од Дубаи според листата на Форбс изнесува 18,7 милијарди долари. Тоа е речиси седум пати поголема сума пари отколку онаа во Буџетот на РМ.

5. Дури 40% од целокупната светска трговија со злато во 2013 година се случила во Дубаи. Се тргувало со 2.250 тони злато. Тоа е тежина отприлика колку 354 слонови.

6. Скапи роботи се користат за трки со камили. Порано децата се користеле како џокеи, но тоа ја зголемило трговијата со деца од сиромашните земји и затоа денес камилите за трки ги јаваат роботи во вредност од 300 до 10.000 американски долари.

7.  За вештачките острови во форма на палма кои се изградени на брегот на градот се донесени 94 милиони кубни метри песок. Тоа е доволно за 2,5 пати да се наполни зграда како Емпајр Стејт Билдинг. Palm Jumeirah е најголем вештачки остров некогаш направен. Покрива површина од 5,6 километри и одговара на површина од 784 фудбалски терени.

8. Дубаи во 2017 година го посетиле 15,8 милиони туристи. Овие луѓе би можеле да населат град кој би бил 12-ти најнаселен во светот и трет најнаселен во Кина.

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 699 евра по лице

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/х

Програма на патувањето

Термин: 20.10-25.10.2023

 

Забелешка

Во цената е вклучено:
- Авиобилет од Тирана
- Аеродромски такси
- Рачен багаж до 10кг
- 5 ноќевања со појадок во хотел со 4* во Дубаи
- Виза за Обединети Арапски Емирати
 
Во цената не е вклучено:
- Чекиран багаж од 10, 20, 26 или 32кг
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
 
Сподели со пријателите:
Дубаи – е дел од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати. И покрај тоа што Абу Даби е главниот град, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи." data-share-imageurl="">