+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

од 449
***
3
BB
превоз

МАДРИД, главниот град на Кралството Шпанија, секако го заслужува вниманието на секој сериозен турист. Сместен во срцето на Пиринејскиот Полуостров, богат со разновидни содржини, музеи, импресивна архитектура, плоштади и облакодери…. знаменитостите како што се Plaza Espagna, Gran Via, Puerta Del Sol (Сончевата порта), Plaza Mayor (Главниот плоштад), Puerta De Toledo (Триумфалната капија), паркот Retiro, плоштадот Sibeles, Salamanka, стадионот Santiago Bernabeu...овие знаменитости и уште многу други - го прават главниот град на Шпанија единствен. Со атрактивни факултативни екскурзии како средновековната престолнина на Шпанија – Толедо или Сеговиа, самиот Мадрид како и велелепниот Ескоријал, ќе заокружите едно преубаво патување!

 

Галерија

Ценовник

Цена на аранжманот: 27.840,00 денари / 449 евра

 

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/х/п

Програма на патувањето

1. ДЕН (17.11.2023-петок) БИТОЛА - ТИРАНА - МАДРИД: 

Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 10:30 часот. Поаѓање за Албанија во 11:00 часот. Патот води преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан, Елбасан.. пристигање на аеродромот во Тирана околу 15:30 часот. Летот за Мадрид е во 17:30 часот. Пристигање во Мадрид во 21:05 часот. Трансфер до хотел. Ноќевање.

2. ДЕН (18.11.2023 - сабота)  МАДРИД:

Појадок. По појадокот - разглед (факултативно) на градот со стручен водич..Plaza Espana, Gran Via, Plaza Mayor, Puerta Del Sol, Puerta De Toledo, паркот Retiro, плоштадот Sibeles, Salamanka.. слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање.

3, ДЕН (19.11.2023 - недела) МАДРИД - СЕГОВИА:

Појадок. По појадокот – слободно време, или факултативен излет до Сеговиа...Сеговија се наоѓа во регионот Кастилја и Леон, на околу 180 километри од Мадрид. Главните карактеристики на градот се најдобро зачуваниот римски аквадукт, катедралата и замокот, за кои Сеговија беше вклучена на листата на светското културно наследство под заштита на УНЕСКО. Карактеристичната панорама на овој град, чии згради се направени од теракота и варовник, се наоѓа на ридовите на Кастилја кои ја опкружуваат Siera De Guadarama. Започнуваме од импресивниот Аквадукт – изграден за време на Императорот Августин. За време на прошетката, ги откриваме украсените историски градби како Casa De Los Picos, погледнете некои романескни цркви однадвор, како што е црквата San Martin, благородничкиот кварт со палати и цркви, како и дел од стариот еврејски кварт. Продолжуваме кон централниот плоштад Plaza Mayor на Сеговија. Посетете ја катедралата Сеговија и восхитувајте се одвнатре. Дознајте повеќе за многуте знаменитости и згради на патот од вашиот стручен водич. На крајот - завршете ја турнејата со обиколка на велелепниот замок Alcazar...дознајте за историјата на оваа елегантна палата која била дом на неколку значајни кралеви и кралици, вклучувајќи ја и Изабела I од Кастилја и научете како замокот се користел низ вековите. Пауза за индивидуална обиколка и прошетка. Враќање во Мадрид во касните попладневни часови. Ноќевање.

4. ДЕН (20.11.2023 - понеделник) МАДРИД- ТОЛЕДО:

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот...слободно време или факултативна посета на Толедо...Екскурзијата опфаќа посета на средновековниот главен град на Шпанија, исто така познат по тоа што таму живеел и создавал познатиот сликар, скулптор, архитект и библиотекар Ел Греко. Низ историјата бил населен со бројни народи (Римјани, Визиготи, Маври...) и сите оставиле свој белег во развојот на градот. Толедо останал главен град на Шпанија до 1561 година, кога Мадрид ја презел таа улога...Толедо сега е главен град на провинцијата Кастилја-Ла Манча, југо-централна Шпанија. Сместен е на околу 67 км југо-југозападно од Мадрид. Од античко потекло, Толедо го спомнува римскиот историчар Ливиј како “urbs parva, sed loco munita“ („мал град, но утврден според локацијата“). Освоено од римскиот генерал Маркус Фулвиус Нобилиор во 193 п.н.е., тоа стана важна римска колонија и главен град на Карпентија. Градот бил резиденција на Визиготскиот двор во 6.век и место на познатите собори, од кои третиот (589.година) бил особено важен поради преобраќањето на кралот Рекаред во христијанин. За време на мавританскиот период (712–1085), тој бил дом на важна заедница на Мозараб (Христијани кои зборуваат арапски). Преземен од кралот Алфонсо VI во 1085 година, Толедо стана најважниот политички и социјален центар на Кастилја. Тоа беше сцена на спој на христијанската, арапската и еврејската култура, чиј пример беше Школата на преведувачи (Escuela de Traductores) основана од Алфонсо X (Мудриот) во 13 век. Значењето на градот се намалило откако Филип II го направил Мадрид свој главен град (1560). Толедо се смета за најрепрезентативен претставник на шпанската култура, а неговиот историски центар беше прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1986 година. Разгледот започнува со посета на срцето на царскиот град и неговиот историски комплекс...Во нашата маршрута, ќе ги посетиме неговите најсимболични улици и плоштади. Во историскиот центар има такви интересни места како El Alkazar, Plaza de Zocodover, Првата катедрала на Шпанија, џамијата на Cristo De La Luz, Еврејскиот кварт, синагогата Santa Maria la Blanka...Ова се само некои од најпознатите атракции кои Ве очекуваат во Толедо...враќање во Мадрид околу 18.30 часот...пристигнување на аеродромот Ba-rajas во 19.00 часот. Летот за Тирана е во 21.50 часот. Пристигнување во Тирана во 01.10 часот – следниот ден. Патувањето продолжува за Македонија...пристигнување во Битола во утринските часови.

Забелешка

Цената на аранжманот вклучува:

Транфер (минибус или автобус) на релација Битола - Тирана (аеродром) - Битола;

- Авиобилет на релација Тирана - Мадрид - Тирана (WIZZ AIR);

- Аеродромски такси

- Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 40х30х25 цм.);

- Транфер Мадрид (аеродром) - хотел - Мадрид (аеродромн);

- 3 НП во хотел со 3* во Мадрид; Сместување во 1/2 или 1/3 соби;

- Доплата за 1/1 соба - 50 евра на ден;

- Организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената на аранжманот не вклучува:

- Патничко осигурување ;

- Туристичка такса - 3 евра по лице на ден ( се плаќа на рецепција );

- Разглед на Мадрид (2,ден - трансфер + локален водич) - 65 евра по лице;

- Полудневниот излет за Сеговиа ( трансфер + стручен водич) - 75 евра по лице;

- Посета на Толедо ( транфер + стручен водич + влезница за манастирот) - 75 евра по лице;

 

Сподели со пријателите:
МАДРИД, главниот град на Кралството Шпанија, секако го заслужува вниманието на секој сериозен турист. Сместен во срцето на Пиринејскиот Полуостров, богат со разновидни содржини, музеи, импресивна архитектура, плоштади и облакодери…. знаменитостите како што се Plaza Espagna, Gran Via, Puerta Del Sol (Сончевата порта), Plaza Mayor (Главниот плоштад), Puerta De Toledo (Триумфалната капија), паркот Retiro, плоштадот Sibeles, Salamanka, стадионот Santiago Bernabeu." data-share-imageurl="">